Ракомет

Тиквеш ќе ја отвори европската сезона против Еш од Луксембург

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Ракометниот клуб Тиквеш го дозна својот прв противник во новата сезона од ЕХФ Европскиот куп. По денешната ждрепка одржана во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена, кавадаречкиот состав за ривал го доби тимот на Еш од Луксембург.

Македонскиот претставник ќе го започне европскиот настап уште од првото квалификациско коло, а првиот натпревар ќе се одигра во Кавадарци на 12 или 13 септември, додека реваншот е закажан за 19 или 20 септември во Луксембург.

Тиквеш на ждрепката беше меѓу неносителите, но избегна неколку поквалитетни противници, па дуелот со Еш се оценува како поволен за кавадаречкиот тим во битката за место во следната рунда.

Еш минатата сезона го освои четвртото место во шампионатот на Луксембург, а Тиквеш ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен во првиот натпревар за да направи чекор кон пласман во второто коло.

Покрај Тиквеш, Македонија ќе има уште три претставници во ЕХФ Европскиот куп. Бранителот на трофејот Охрид, како и Алкалоид и Бутел Скопје, се директно пласирани во второто коло, а своите противници ќе ги дознаат на ждрепката закажана за 22 септември.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Јован Качевски ќе го суди дербито меѓу Љуботен и Скопје, Никола Петковски ќе им суди на Истатов и Кочани

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на дербито на 11. коло на Првата женска фудбалска лига во Тетово, меѓу лидерот Љуботен...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шест победи, но нов противник: Македонија против Луксембург го отвора патот кон десеттото ЕП

Македонската ракометна репрезентација има совршен биланс против Луксембург — шест победи во шест меѓусебни натпревари. Во среда, од 19 часот во „Борис Трајковски“,...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!