Останати репрезентацииОстанато

Одличен настап на македонските атлетичари: Сребро и рекорди на Балканското првенство во Романија У20

Сподели
ФОТО: Атлетска федерација на Македонија
Сподели

Македонските атлетичари до 20 години имаа успешен настап на Балканското првенство во Романија, каде што освоија сребрен медал, поставија нов младински национален рекорд и забележаа повеќе лични и национални достигнувања.

Најголемиот успех го оствари женската штафета на 4х100 метри, која го освои сребрениот медал со нов младински национален рекорд од 48.95 секунди. Во составот на штафетата настапија Ева Митевска, Тамара Атанасовска, Лина Исени и Марта Димковска, кои го подобрија националниот рекорд што беше поставен уште во 1999 година.

Одличен настап имаше и Брајан Авиа, кој во скок во далечина постави нов младински национален рекорд со резултат од 7.15 метри, подобрувајќи го својот личен рекорд за четири сантиметри. Со овој скок го освои шестото место. Авиа беше успешен и во дисциплината скок во височина, каде со прескокнати 2.04 метри го освои петтото место.

Во скок во височина настапи и Иван Поповски, кој постави нов личен рекорд од 1.91 метар, што му донесе деветта позиција во конечниот пласман.

Во спринтот на 100 метри, Ева Митевска истрча нов личен рекорд од 12.40 секунди и го освои 11. место, додека Тамара Атанасовска со време од 12.63 секунди, исто така личен рекорд, се пласираше на 13. место.

Марта Димковска настапи и на трката на 400 метри, каде го освои 10. место.

Настапот на македонските атлетичари на Балканското првенство донесе значајни резултати, нов национален рекорд, бројни лични рекорди и уште една потврда за потенцијалот на младата генерација македонски атлетичари.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Скопје и Силекс ремизираа без голови на „Железарница“

Прв бод за Иван Варадиновски како тренер на Скопје, Силекс пропушти можност да се доближи со третото место. Скопје и Силекс ремизираа на...

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе мора да одговорат на предизвиците на два фронта. Тимот на Борис...

Поврзани написи
Останато

Штип УГД директно во главната рунда, на 9 декември ја пречекува Пјаченца

Македонскиот шампион Штип УГД, по завршувањето на своето премиерно учество во Лигата...

Останато

Младост го сопре Работнички, Наковски без загубен сет: Два тајбрека го одбележаа третото коло

Младост УГД ја забележа најтесната домашна победа во третото коло од женската...

Останати репрезентацииРепрезентација

Историски успех за македонското ски-планинарство: ФПСМ стана полноправна членка на светската федерација ISMF!

Македонското ски-планинарство испишува нова страница во својата историја! Федерацијата за планинарство на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!