Трета лигаФудбал

Бурим Алиев го засили амбициозниот третолигаш БВК Коњаре

Сподели
Сподели

Третолигашот БВК Коњаре продолжува да гради силен ростер со кој ќе атакува на пласман во Втората македонска фудбалска лига.

Ново име во тимот на Алиса Виши е Бурим Алиев, кој доаѓа од редовите на второлигашот Каменица Саса.

26-годишниот покрај за „рударите“ од Македонска Каменица настапуваше и за Шкендија Арачиново, Слога Виница, Борец, Кораб од Дебар, Работнички и Вардар од каде ја започна кариерата, а во странство настапуваше за Кутјево во Хрватска.

БВК Коњаре со серијата на квалитетни засилувања уште еднаш потврдува дека цели кон пласман во Втора лига, а до истиот ќе мора најпрво да стане шампион во Трета лига регион 1, а потоа и да го добие противникот во баражот.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Јован Качевски ќе го суди дербито меѓу Љуботен и Скопје, Никола Петковски ќе им суди на Истатов и Кочани

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на дербито на 11. коло на Првата женска фудбалска лига во Тетово, меѓу лидерот Љуботен...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шест победи, но нов противник: Македонија против Луксембург го отвора патот кон десеттото ЕП

Македонската ракометна репрезентација има совршен биланс против Луксембург — шест победи во шест меѓусебни натпревари. Во среда, од 19 часот во „Борис Трајковски“,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Пукна „петарда“ во Кавадарци: Шампионот Проект убедлив против Клими, два гола за Трајче Димитриев

Македонскиот футсал шампион стигна до четвртата сезонска победа од толку натпревари откако...

ФудбалФутсал

Форца со шест гола го декласираше Бутел, Јасир Зекири со хет-трик

Поранешниот шампион Форца стигна до лесна и висока победа откако во гости...

Прва лигаФудбал

Струга си отвори пат до врвот: по победата над Вардар, следува директен дуел со Шкендија

Струга Трим Лум ја искористи шансата што стоеше како можност: со победата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!