Ракомет

ОФИЦИЈАЛНО: Астибо се повлекува од Супер лигата, следната сезона ќе игра во Првата лига

Сподели
ФОТО: РК Астибо
Сподели



Она што претходно го најави Спортска Мрежа, денес доби и официјална потврда. Женскиот ракометен клуб Астибо во сезоната 2026/27 нема да настапува во Супер женската лига на Македонија, туку ќе се натпреварува во Првата женска лига.

Иако штипскиот клуб минатата сезона успеа да обезбеди опстанок во елитното друштво, финансиските околности не дозволуваат продолжување на настапите во најквалитетната конкуренција. Така, Астибо ќе направи чекор назад во натпреварувачка смисла, но со јасна определба да продолжи да работи на развојот на сопствените млади ракометарки.

Од клубот истакнуваат дека главниот фокус во новата сезона ќе биде ставен на талентираните играчи од сопствената школа, кои ќе добијат значително поголема минутажа и можност за развој во сениорска конкуренција.

„Управата на Ракометниот клуб Астибо ја известува јавноста дека во претстојната сезона клубот нема да настапува во Супер женската лига на Македонија, туку ќе продолжи со натпреварување во Првата женска лига. Оваа одлука е донесена првенствено поради финансиски причини. Учеството во Супер женската лигата бара финансиски средства кои во моментов го надминуваат реалниот буџет на клубот, поради што натамошниот настап на ова ниво моментално не е реално остварлив. Управата на РК Астибо сака да упати огромна благодарност до Општина Штип, која покрај финансиската поддршка, обезбедува и услови за тренирање, вклучително и сала за тренирање и натпреварување на нашиот тим. Посебна благодарност упатуваме и до Министерството за спорт на Република Македонија, за обезбедените финансиски средства кои значително придонесуваат за работата и функционирањето на клубот. РК Астибо располага со млада и квалитетна генерација ракометарки, кои минатата сезона 2025/2026 го освоија второто место во пионерска конкуренција. Настапот во Првата лига претставува одлична можност токму на овие млади пионерки да им се укаже доверба и минути на игра, а составот на тимот во голем дел ќе се потпира на играчки израснати во сопствената школа на клубот“, велат од штипскиот клуб.

Астибо со години важи за еден од најдобрите центри за развој на млади ракометарки во Македонија. Пионерската екипа минатата сезона обезбеди место на фајнл-фор турнирот, а генерацијата го освои второто место во државата, што е уште една потврда за квалитетната работа во клубот.

Во редовите на Астибо е и Марија Анчева, најдобриот стрелец во македонскиот женски ракомет, која со своите настапи испиша историја и важи за најдобар стрелец и на Балканот.

Иако Штип во новата сезона ќе остане без суперлигашки женски ракомет, одлуката на клубот е насочена кон финансиска стабилизација и создавање нова генерација ракометарки, која во иднина ќе има за цел повторно да го врати Астибо во елитното друштво.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Јован Качевски ќе го суди дербито меѓу Љуботен и Скопје, Никола Петковски ќе им суди на Истатов и Кочани

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на дербито на 11. коло на Првата женска фудбалска лига во Тетово, меѓу лидерот Љуботен...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шест победи, но нов противник: Македонија против Луксембург го отвора патот кон десеттото ЕП

Македонската ракометна репрезентација има совршен биланс против Луксембург — шест победи во шест меѓусебни натпревари. Во среда, од 19 часот во „Борис Трајковски“,...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!