Трета лигаФудбал

Алиса Виши ќе го води БВК Коњаре кон Втора лига

Сподели
Сподели

Амбициозниот третолигаш БВК Коњаре го промовираше Алиса Виши за нов тренер, кој ќе има за задача да обезбеди промоција во Втора лига.

Од клубот посочуваат дека пред новиот тренер е јасна мисија – да се изгради победнички тим, да се создаде шампионски менталитет и да се обезбеди пласман во Втората лига.

„Кога амбицијата е прво место, потребен е лидер кој знае да победува. Денес го претставуваме новиот тренер на нашата екипа, човекот кој ја презема одговорноста да го предводи нашиот тим во најважната сезона до сега. Пред него е јасна мисија – да изгради победнички тим, да создаде шампионски менталитет и да го одведе клубот таму каде што припаѓа – Втора лига“, велат од клубот.

41-годишниот стратег од Скопје го водеше Шкупи во Првата македонска фудбалска лига.

Екипата на БВК Коњаре гради сериозен тим за атак на првото место во Трета лига регион 1, целта е да се обезбеди шампионскиот пехар, а потоа преку бараж да се бра место за влез во Втора лига.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Јован Качевски ќе го суди дербито меѓу Љуботен и Скопје, Никола Петковски ќе им суди на Истатов и Кочани

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на дербито на 11. коло на Првата женска фудбалска лига во Тетово, меѓу лидерот Љуботен...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шест победи, но нов противник: Македонија против Луксембург го отвора патот кон десеттото ЕП

Македонската ракометна репрезентација има совршен биланс против Луксембург — шест победи во шест меѓусебни натпревари. Во среда, од 19 часот во „Борис Трајковски“,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Пукна „петарда“ во Кавадарци: Шампионот Проект убедлив против Клими, два гола за Трајче Димитриев

Македонскиот футсал шампион стигна до четвртата сезонска победа од толку натпревари откако...

ФудбалФутсал

Форца со шест гола го декласираше Бутел, Јасир Зекири со хет-трик

Поранешниот шампион Форца стигна до лесна и висока победа откако во гости...

Прва лигаФудбал

Струга си отвори пат до врвот: по победата над Вардар, следува директен дуел со Шкендија

Струга Трим Лум ја искористи шансата што стоеше како можност: со победата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!