Останато

Сара Митевска и Стефан Мицов се новите шампиони на Македонија во тенис

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Нови државни прваци за 2026 година се Сара Митевски и Стефан Мицов, кои во денешните финални мечеви ги совладаа Теона Андова односно Амар Хусеиновиќ.

Во машко финале кое траеше 2 часа и 45 минути Мицов успеа да стигне до својата трета титула државен првак (2011 и 2013) откако со 2-1 во сетови (61 67(2) 64) во меч со пресврти го совлада колегата од Дејвис куп репрезентацијата Хусеиновиќ (го играше првото финале на ДП). По првиот сет кој заврши со 6:1 во гемови, Мицов беше пред триумф и водеше со 4:2 во гемови во вториот сет и 40/0 на свој сервис, но Хусеиновиќ успеа да направи пресврт да изедначи на 4:4 и потоа да го добие тај-брејкот со 7:2 на поени. Во решавачкиот сет пак, Хусеиновиќ имаше водство од 4:1 во гемови, а Мицов направи серија од пет гема и го доби сетот со 6:4, а со тоа и мечот. Притоа во осмиот гем за изедначување беа одиграни околу 20 поени, а гемот траеше околу десетина минути – што се покажа и како решавачко.

За разлика од машко финале во женското Сара Митевска ја совлада Теона Андова (шампионка од 2023) во своето прво финале на Државно првенство и тоа без загубен гем со 2-0 во сетови (60 60). Ова е прва титула шампионка на Македонија за младата тенисерка.

Во конкуренција на двојки Кристијан Јанев и Ерион Незири се новите шампиони откако во финалето со 2-0 во сетови (61 64) ги победија Иван Манасов и Виктор Сушелски.

Сподели

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Голем хуман гест за голем јубилеј: Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила слави 15 години со добротворна акција!

Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила одлучи својот 15-годишен јубилеј да го одбележи на посебен начин – наместо со традиционална прослава, младите...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Каранфиловска и Коловска за важни три бода: Истатов го совлада Кочани, кој остана „закован“ на дното

Фудбалерките на Истатов го совладаа Кочани со 2:0 во последниот натпревар од 11. коло на Првата женска фудбалска лига. Ања Каранфиловска и Андреа...

Поврзани написи
Останато

Штип УГД директно во главната рунда, на 9 декември ја пречекува Пјаченца

Македонскиот шампион Штип УГД, по завршувањето на своето премиерно учество во Лигата...

Останато

Младост го сопре Работнички, Наковски без загубен сет: Два тајбрека го одбележаа третото коло

Младост УГД ја забележа најтесната домашна победа во третото коло од женската...

Останато

Ристовски му честиташе на Христијан Бузалковски за европската вицешампионска титула

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со македонскиот мотоциклист Христијан...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!