Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија го претрпе првиот пораз од Ирска на Европското првенство во Братислава

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Машката младинска репрезентација на Македонија го забележа првиот пораз на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Братислава, откако во второто коло од групата „А“ загуби од Ирска со 69:56.

По успешниот старт на шампионатот, избраниците на селекторот Никола Велев не успеаја да стигнат до нов триумф. Добрата игра во првото полувреме не беше доволна, бидејќи слабата реализација и падот во играта по паузата му овозможија на противникот да ја преземе целосната контрола.

Ирската селекција подобро го отвори натпреварот и по првите десет минути имаше предност од 20:13. Македонија возврати во втората четвртина, одигра многу поцврсто во одбраната и постепено ја намалуваше разликата. По кошот на Марко Луканоски во 16. минута, нашата репрезентација се доближи на само еден поен негатива (26:25).

Сепак, Ирците не дозволија целосен пресврт и со добра завршница на полувремето на паузата заминаа со водство од 31:27.

Решавачкиот период беше третата четвртина. Македонија тешко доаѓаше до поени, а Ирска го искористи тоа и со серија од 12:2 ја зголеми предноста на двоцифрена разлика (43:29). Иако Сергеј Младеновски ја прекина серијата на противникот, нашата репрезентација не успеа да се врати во резултатска неизвесност и во последната четвртина влезе со негатива од 48:32.

Во завршните десет минути Македонија се обиде да ја намали разликата, но Ирска сигурно го приведе натпреварот до крај и ја запиша првата победа на турнирот.

Коста Ќириловски беше најпрецизен во македонскиот состав со 17 поени и четири скока. Марко Луканоски натпреварот го заврши со 12 поени и шест скока, додека Сергеј Младеновски покрај седумте поени забележа и десет асистенции и четири скока.

Во третото коло Македонија ќе биде слободна, а следниот предизвик ја очекува на 14 јули од 13:30 часот, кога ќе се соочи со селекцијата на Шведска во натпревар кој може да биде клучен во борбата за пласман во следната фаза на Европското првенство.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!