Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Гавриловиќ го објави списокот на одбојкарки за Медитеранските игри во Таранто

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија ова лето ја очекува вториот предизвик – настапот на 20. Медитерански игри, кои ќе се одржат од 21 август до 3 септември во Таранто, Италија.

Селекторот Милош Гавриловиќ го објави списокот од 16 одбојкарки кои ќе конкурираат за настап на ова престижно натпреварување. Во однос на составот што настапуваше во Европската лига 2026 има неколку промени. Дел од помладите репрезентативки нема да бидат на располагање бидејќи во истиот период ќе настапуваат за селекцијата до 20 години во зонските квалификации за Европското првенство 2027. Во тимот повторно се враќа искусната Тамара Атанасова (поранешна Стојанова), додека на списокот овојпат ја нема Теа Терзиевска.

Првиот собир на репрезентацијата е закажан за 27 јули во 13:00 часот во хотелот „Континентал“ во Скопје, каде ќе започнат подготовките за настапот во Таранто.

Македонија ќе се натпреварува во групата Б, заедно со селекциите на Турција, Грција, Алжир и Косово. Во групата А се наоѓаат домаќинот Италија, Србија, Египет, Босна и Херцеговина и Сирија.

ФОТО: ОФМ

Натпреварите од групната фаза ќе се играат од 23 до 29 август, додека елиминациските дуели и финалето се закажани за периодот од 30 август до 1 септември. Организаторот дополнително ќе го објави деталниот распоред на натпреварите.

За македонската женска репрезентација ова ќе биде втор последователен настап на Медитеранските игри, откако претходно учествуваше на изданието во Оран, Алжир, во 2022 година.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе го суди дербито меѓу Струга и Шкендија, Ќерими на Башкими и Брегалница, Качевски главен во Кратово

Рундата број 13 во Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три дена, се отвара во утре со мечот во Кавадарци меѓу...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Најдобриот напад против најдобрата одбрана, а Љуботен може да се одлепи на врвот

Тиверија Брера со 48 гола го има најефикасниот напад во лигата, а шампионот Скопје со само осум примени гола ја има најдобрата одбрана....

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!