Младински фудбалФудбал

Тројца млади фудбалери на Овче Поле го истакнаа својот талент на кампот на Реал Мадрид во Краљево

Сподели
Сподели

Тројцата млади фудбалери на ФК Овче Поле од Свети Николе – Тино Николов, Благојче Гроздевски и Јоаким Колев – успешно го завршија својот настап на кампот на Реал Мадрид, кој се одржа во Краљево, Србија, во периодот од 29 јуни до 3 јули.

Талентираните фудбалери, родени во 2015 година, имаа можност да тренираат според официјалната методологија на Реал Мадрид, под водство на тренери од Шпанија. Освен што ги усовршуваа своите фудбалски вештини, децата стекнаа нови знаења, драгоцено искуство, создадоа нови пријателства и имаа можност да ја почувствуваат работата по највисоки европски стандарди.

Одличниот впечаток што го оставија на кампот им донесе уште една голема награда. Тино Николов, Благојче Гроздевски и Јоаким Колев ќе бидат дел од кампот на Реал Мадрид во Мадрид, кој ќе се одржи од 2 до 7 јануари, каде повторно ќе работат со стручниот кадар на шпанскиот гигант и ќе имаат можност дополнително да го надградуваат својот талент.



Ова претставува големо признание како за младите фудбалери, така и за ФК Овче Поле, кој продолжува успешно да работи со најмладите категории и да создава услови за нивен правилен фудбалски развој.

Сподели

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!