Младински фудбалФудбал

Даниел Радески се враќа во Тетекс, ќе ја предводи генерацијата 2011 во младинската школа

Сподели
Сподели

Младинската школа на Тетекс продолжува со својата организациска поставеност за новата сезона, а нов тренер во клубот ќе биде Даниел Радески, кој ќе ја предводи генерацијата родени 2011 година.

Радески повторно се враќа во добро позната средина, откако во минатото беше шеф на стручниот штаб на сениорскиот тим на Тетекс, а работеше и како тренер во младинската школа на клубот. Во својата тренерска кариера беше дел и од фудбалската академија Партизан Југ од Брвеница, каде што стекна дополнително искуство во работата со млади фудбалери.

Координатор на младинската школа на Тетекс ќе биде Тони Јакимовски, а Радески истакнува дека токму визијата и искуството на Јакимовски биле една од главните причини да ја прифати понудата и повторно да стане дел од клубот.

„Имаме за цел школата да ја подигнеме на едно високо и професионално ниво, познавајќи го Тони Јакимовски и неговото искуство и фудбалско реноме, не се двоумев многу да ја прифатам понудата од негов страна да се приклучам во младинската школа. Се надевам дека со заеднички сили ќе ја подигнеме школата на едно респектабилно ниво и во иднина ќе биде сервис за играчи на првиот тим“, изјави Радески за Спортска Мрежа.

Со неговото доаѓање, Тетекс продолжува да го засилува стручниот кадар во младинската школа, со јасна определба да создава квалитетни млади фудбалери и во иднина да обезбедува играчи за сениорскиот тим.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!