Ракомет

Марко Трајков е ново засилување на Еурофарм Пелистер 2

Сподели
Сподели

Еурофарм Пелистер 2 продолжува со комплетирањето на играчкиот кадар за новата сезона, а најново засилување на битолскиот тим е голманот Марко Трајков.

Младиот чувар на мрежата во Битола пристигнува по настапите за Голден АРТ и Тинекс Пролет, каде што стекна драгоцено искуство во македонскиот ракомет.

Во Еурофарм Пелистер 2 веруваат дека Трајков ќе донесе дополнителен квалитет и конкуренција на голманската позиција, а со своите настапи ќе придонесе во исполнувањето на клупските амбиции.

Со неговото доаѓање, битолскиот состав продолжува да го оформува ростерот за претстојната сезона, во која клубот ќе се обиде да изгради конкурентен тим и да развива ракометари подготвени во иднина да го облечат дресот на првиот тим на Еурофарм Пелистер.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите, пријавување, мерење и лекарски прегледи. Македонските кикбоксери ќе ги дознаат противниците...

Останати репрезентацииРепрезентација

Радовишанецот Мирко Василев ќе ја претставува Македонија на Европското првенство во кик-бокс во Скопје!

Радовиш ќе има свој претставник на претстојното Европско првенство во кик-бокс, кое ќе се одржи од 6 до 15 ноември во Скопје. Мирко...

Поврзани написи
Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!