ИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Силекс со голема победа против Динамо Минск, Хасукиќ херој од белата точка

Сподели
ФОТО: ФК Силекс
Сподели

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, направи голем чекор кон пласманот во следното квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига, откако славеше со минимални 1:0 против Динамо Минск во првиот натпревар одигран на неутрален терен во Стара Загора, Бугарија.

Кратовци одиграа дисциплиниран и тактички зрел натпревар, успевајќи да го неутрализираат белорускиот претставник и да стекнат значајна предност пред реваншот. Единствениот погодок беше постигнат во 42. минута, кога новото засилување Есмир Хасукиќ сигурно реализираше удар од белата точка.

Најстрогата казна беше досудена по прекршок врз Борјан Пановски во противничкиот шеснаесетник, а Хасукиќ не погреши и му донесе вреден триумф на македонскиот претставник.

Во второто полувреме Динамо Минск имаше повеќе иницијатива, но не успеа сериозно да ја загрози одбраната на Силекс, која сигурно ја сочува минималната предност до последниот судиски свиреж.

Реваншот меѓу Силекс и Динамо Минск ќе се одигра следната недела на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија во Скопје, каде кратовци ќе ја бранат стекнатата предност и ќе се обидат да обезбедат место во следната рунда од Конференциската лига.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот на клубот го задолжи искусниот 40-годишен Дејан Блажевски. Поранешниот македонски репрезентативец...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Четворица дебитанти во составот на Македонија за ЕП 2026

Четворица дебитанти ќе го освежат добро познатиот список на селекторот Јошко Миленкоски за настапот на Македонија на Европското првенство 2026. Техничарот Давид Стојанов,...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со младиот Благој Стојчев

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со младиот Благој Стојчев, кој доаѓа...

Втора лигаФудбал

Пелистер сигурен против Работнички, Брера славеше над Македонија ЃП

Со два дуели на лански прволигаши се затвори четвртото коло на Втората...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!