Ракомет

Бутел Скопје продолжува со стратегијата со млади играчи – потпишаа Ѓорѓески и Аксентиев

Сподели
ФОТО: РК Бутел Скопје
Сподели

Бутел Скопје продолжува да го гради тимот за новата сезона, а најнови засилувања во редовите на суперлигашот се младите ракометари Андреј Ѓорѓески и Тодор Аксентиев.

Двајцата имаат по 19 години и потпишаа договори со клубот на две сезони, со што ќе го носат дресот на Бутел Скопје најмалку до летото 2028 година.

Ѓорѓески игра на позицијата лев бек и пристигнува од Алкалоид, додека Аксентиев настапува како десен бек и доаѓа од Мулти Есенс.

Со ангажманот на двајцата перспективни бекови, Бутел Скопје уште еднаш ја потврдува определбата да инвестира во развојот на млади македонски ракометари, кои во наредните сезони ќе имаат можност да се наметнат во суперлигашката конкуренција.

Во досегашниот дел од преодниот рок, клубот ги продолжи договорите со Теодор Тодески, Давид Јаневски, Марко Каевски, Дејан Михајловиќ и Бојан Спасовски, а претходно ги засили своите редови и со голманите Марко Богдановски и Градимир Чаневски. Под водство на новиот тренер Стојанче Стоилов, скопскиот состав постепено го комплетира ростерот за претстојната сезона.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!