Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија ги дозна можните ривали за следната фаза од квалификациите за Евробаскет 2029

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Со максимален учинок од шест победи на исто толку натпревари, македонската сениорска кошаркарска репрезентација убедливо ја заврши првата рунда од претквалификациите за пласман на Евробаскет 2029. Како првопласирана селекција во групата „А“, Македонија обезбеди место во втората фаза од квалификацискиот циклус.

По завршувањето на првата рунда, познати се четирите репрезентации кои директно изборија пласман понатаму. Покрај Македонија, во следната фаза се пласираа и Словачка, Бугарија и Норвешка.

Шесте преостанати селекции од првата рунда ќе ја продолжат борбата преку третата рунда од претквалификациите, која ќе се одигра по комплетирањето на вториот квалификациски круг.

Во втората рунда ќе настапат вкупно 12 репрезентации, поделени во четири групи со по три селекции. На четирите победници од првата рунда ќе им се приклучат и осумте репрезентации кои квалификациите за Светското првенство 2027 ги завршија на четвртото место во своите групи.

Со тоа е познат и кругот на потенцијални противници на Македонија. На претстојната ждрепка, нашата репрезентација може да биде извлечена во група со Данска, Романија, Швајцарија, Велика Британија, Кипар, Белгија, Австрија или Чешка.

Ждрепката за формирање на групите од втората рунда на претквалификациите за Евробаскет 2029 ќе се одржи на 15 јули, кога Македонија ќе ги дознае своите противници и распоредот на натпреварите во новата фаза од квалификациите.

УЧЕСНИЦИ ВО ВТОРА РУНДА – ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ 2029

МАКЕДОНИЈА

  1. Словачка
  2. Бугарија
  3. Норвешка
  4. Данска
  5. Романија
  6. Швајцарија
  7. Велика Британија
  8. Кипар
  9. Белгија
  10. Австрија
  11. Чешка

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!