Денес во просториите на ФФМ беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија.
Ждрепката посака во 1/4 финалето од Купот второлигашот Детонит Плачковица да игра против прволигашот Шкендија од Тетово, Брера Струмица ќе игра со второлигашот Арсими, Вардар против Силекс и дерби на Струга и Гостивар.
Во четвртфиналето ќе настапат шест прволигаши и два второлигаши односно Детонит Плачковица и Арсими кои имаат историско 1/4 финале од Купот на Македонија.