ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев потпиша нов четиригодишен договор

Сподели
ФОТО: pfc sogdiana
Сподели

Узбекистанскиот прволигаш Согдиана ја продолжи соработката со македонскиот репрезентативец Љупче Дориев, кој стави потпис на нов договор со важност до 2030 година.

Дориев зад себе има одлична сезона во дресот на Согдиана и во моментов е најдобар стрелец во шампионатот на Узбекистан. Со своите настапи тој се наметна како еден од клучните фудбалери на екипата и важи за најдобар играч на клубот.

Раководството на Согдиана одлучи да ја награди неговата одлична форма со нов четиригодишен договор, со што македонскиот репрезентативец ќе остане дел од клубот и во наредните сезони.

Продолжувањето на соработката претставува потврда за довербата која клубот ја има во Дориев, кој со головите и асистенциите е еден од најзаслужните за успесите на тимот во домашното првенство.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Величков ќе им суди на БВК Коњаре и Башкими, Ралевски на Детонит Плачковица и Шкендија Арачиново

Утре се играат седум натпревари од првата фаза на Купот на Македонија, откако минатата недела беа одиграни пет средби. Познати се и судиите...

Втора лигаФудбал

Пелистер го промовираше Мите Цикарски

Второлигашот Пелистер од Битола го промовираше Мите Цикарски како најново засилување, кое доаѓа од редовите на Беласица. Триесет и тригодишниот фудбалер ги покрива...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Пелистер го промовираше Мите Цикарски

Второлигашот Пелистер од Битола го промовираше Мите Цикарски како најново засилување, кое...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!