Трета лигаФудбал

Големо Коњари е есенски шампион во ТМФЛ – Југ, тешка и голема победа за Превалец со која најавува борба за Втора лига!

Сподели
АРХИВА
Сподели

Екипата на Големо Коњари е есенски шампион во Трета лига – Југ, меѓутоа денешниот меч со екипата на Дреново не го дочека својот крај, откако одново се случуваат немили настани на спортските терени.

При резултат од 2:1 во полза на домаќинот во 59. минута мечот бил прекинат поради физички напад врз главниот судија.

Како што е наведено во делот за примедби на делегатот во записникот од натпреварот ќе следуваат дополнителни изјави од делегатот и од судиите.

Михо Андреевски во 15. минута постигна гол за 1:0 на полувреме, а во вторито дел Мустафа Селманоски постигна гол за 2:0 во 53. минута.

Една минута подоцна Армен Мемедов постигна гол и намали на 2:1, а веќе во 57 минута Аркан Мустафов заработи директен црвен картон, а како што е наведено црвениот картон бил доделен поради физички напад.

Во 59. минута натпреварот и официјално е прекинат при резултат од 2:1.

Превалец забележа тешка но важна победа против Питу Гули, во меч кој наместо во Крушево се одигра во велешката населба Превалец бидејќи во Крушево снегот не дозволувал услови за игра.

Ангел Гаштев во 21. минута постигна гол за 0:1 и водство на Прелавец, но брзо тимот од Крушево дојде до 1:1 преку Алекснадар Неделкоски.

Во вториот дел неизвесната за трите бодови беше до самиот финиш, кога во судиското надполнување Љупче Стефановски постигна гол за конечни 1:2.

Ова е важна и тешка победа, победа со која Превалец најавува дека во пролетниот дел ќе се бори за првото место и за баражот за Втора лига.

Ниту мечот меѓу Слога и Влазними Јуниор во Лажани не го дочека својот крај, откако се одигра само едно полувреме.

Во првиот дел беа постигнати два погодоци за 1:1, гостинот прв поведе преку Мерсин Мемедоски во 19. минута од мечот, а пак Нермин Каришик во 40. минута погоди за 1:1.

„На полувреме претставникот на гостинската екипа побара идентификација за домашниот играч со број 1, побаравме од домашната екипа играчот да се појави. Претставникот на домашната екипа не извести дека одма по завршувањето на првото полувреме му се слоши и со кола го однеле на болница. Поради тоа гостинската екипа изјави дека не сака да го продолжи натпреварот со стекнат резултат 1:1 до полувреме. Гостинската екипа најавува жалба“, стои во записникот од мечот.

Игор Паноски со три гола му донесе победа на Ултрас од 2:3 над Росоман во гости. На полувреме резултатот беше 0:3, а во вториот дел Митров и Јованов ублажија на конечните 2:3.

Младост со 2:1 во Кривогаштани го совлада Бучин. Јанчески постигна гол во 6. минута за 1:0, а пак Бојан Мицески во 30. минута постигна гол за 1:1 на полувреме.

Стартот од вториот гол донесе ново водство за домашниот тим преку Стојаноски на 2:1, а тоа беше и конечниот резултат.

Екипата на Башкими 2008 добива службени бодови од мечот со откажаниот Обршани, а во последното есенско коло слободна беше екипата на Венец од Долни Дисан.

За двата прекинати натпревари ќе следуваат дополнителни прилози на Спортска Мрежа во текот на вечерта.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!