Трета лигаФудбал

БВК Коњаре со голема победа, важна победа за Њу Старс, Риниа ја изненади Фортуна!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Шкендија Арачиново е есенски шампион во Трета лига – Север, откако вчера со 6:1 славеше над Аеродром во воведниот меч за што веќе информираше Спортска Мрежа.

БВК Коњаре денес со 4:2 славеше на Башкими Љуботен и со триумф го затвори есенскиот дел. Бишевац, Јусуфи и Бузаки погодија за 3:0 на полувреме. Во вториот дел гостинот преку Курти и Јусуфи намали на 3:2 и ја врати неизвесноста за бодови, но Сами Аљиљи со гол во 88. минута ги реши сите дилеми за победа на БВК Коњаре од 4:2.

Куманово на домашен терен загуби од Њу Старс со 2:3 со што новајлијата во лигата забележа важна победа во борбата за бегство од опасната зона. Мартин Ацески со два гола во првиот дел обезбеди предност од два гола за гостинот, а во вториот дел брзо Куманово ја стопи предноста и израмни на 2:2 преку Златковски и Шерифи. Во 77. минута Блажески постигна победнички гол за конечни 2:3.

Натпреварот меѓу Пчиња и Академија Илинден не го дочека својот крај, откако истиот беше прекинат во 32. минута бидејќи гостинската екипа остана со шест играчи.

Натпреварот беше прекина на резултат од 4:0, а хет-трик постигна Христијан Стојечвски, а еден гол Михаил Цветковски.

Екс прволигашот Еуромилк ГЛ со 3:1 славеше победа над Беса Влазими со што домаќинот со позитивен резултат ја затвара 2024 година.

Ферди Исмаиловски со два гола обезбеди 2:0 на полувреме, а во вториот дел Ахмед Бакијов погоди за 3:0. Во 60. минута Фатон Нуредини ги постави конечните 3:1.

Риниа направи изненадување против фаворитот Фортуна и забележа победа од 3:2. Арифи беше двоен стрелец за домашниот тим, а Демировски беше стрелец на еден гол, за гостинот најдобриот стрелец Орхан Мифтар и Мирхат Емини беа стрелци.

Поранешниот второлигаш Кадино со 4:2 славеше на домашен терен против дебитантот Ржаничино. На полувреме беше 1:2 откако Стојановски погоди за водство на гостинот, а Попоски израмни на 1:1. Во 35. минута голгетерот Мартин Лазев постигна гол за 1:2.

Во вториот дел Станковски израмни на 2:2, а Виктор Бошковски со два гола ги постави конечните 4:2.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот старт против Војводина, охриѓани гостуваат кај Будванска Ривиера во Црна Гора....

Ракомет

Вардар не патува во Панчево: Повреди и вирус го одложија мечот со Динамо!

РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто коло од Регионалната ракометна лига. Средбата беше закажана за 26 август,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Познат распоредот за 5. коло во ПМФЛ: Дерби во Кратово, Тиквеш – Вардар во понеделник

Познат е распоредот за 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое...

ФудбалФутсал

Проект со позитивна атмосфера патува за Грац, македонскиот шампион подготвен за ЛШ!

Македонскиот футсал шампион Проект со позитивна атмосфера и големи амбиции патува за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!