Втора лигаФудбал

ФК Саса: Иницијатор на вчерашниот инцијатор е резервниот голман на Скопје, ФФМ објективно да ги превземе сите мерки!

Сподели
Сподели

По вчерашниот инцидент на натпреварот во Македонска Каменица од 15. коло на Втората лига меѓу Каменица Саса и Скопје, со соопштение реагираше екипата на Каменица Саса.

Иницијатор на вчерашниот инцидент како што се вели во соопштението на ФК Каменица Саса бил гостинскиот играч – резервен голман на ФК Скопје, во продолжение целосното соопштение на ФК Каменица Саса и видео од инцидентот.

  • ЦЕЛОСНО СООПШТЕНИЕ НА ФК КАМЕНИЦА САСА ЗА ИНЦИДЕНТОТ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА:
„ФК Каменица Саса го осудува секое насилство на фудбалските натпревари. Во досегашната 56 годишна фудбалска историја во Македонска Каменица немало прекин на натпревар поради настанат инцидент. Сите гостински екипи, секогаш биле пречекани домаќински и достоинствено. Иницијатор на вчерашниот инцидент беше гостинскиот играч – резервен голман, Гоце Јовчев, кој што најпрвин од резервната клупа направи вербален напад врз двајца наши фудбалери. За истото од страна на главниот судија Гоце оправдано добива црвен картон. На излегување од резервната клупа, на пат кон соблекувалните, исклучениот играч, почна вербално со погрдни зборови, пцовки и покажување на срамни и недолични гестикулации да ги навредува чесните навивачи на ФК Каменица Саса, кои беа собрани надвор од заградениот дел на стадионот, на надворешната страна на оградата. Понатаму, Гоце продолжи со навредите, и истиот физички нападна член на управата на ФК Каменица Саса (кој официјално беше пријавен кај делегатот за присуство на натпреварот), кој што во обид да го смири Гоце, во неговото однесување, беше физички нападнат од страна на Гоце… Во понатамошно дивеење, Гоце Јовчев го зеде корнер знаменцето, и со острото шило од истото, се обиде да ги нападне присутните редари и да им нанесе физички повреди (момент кој се гледа на видеото во прилог). Во целата ситуација, настанатиот инцидент беше на просторот пред соблекувалните, надвор и далеку од теренот за игра. Од овие причини, немаше никаков основ натпреварот да биде прекинат. Официјалните лица од ФК Скопје (претседателот и останатите членови од управата и клубот) неоправдано ги повлекоа своите играчи од теренот. Истите цело време вршеа вербални притисоци кон делегатот и судиите за да натпреварот биде прекинат. Не им дозволуваа на своите играчи да влезат на теренот и да го доиграат натпреварот, за што настана и нивна вербална расправија и меѓусебна кратка физичка пресметка на средината од теренот. Од страна на ФК Каменица Саса и присутните полициски службеници, беа овозможени сите услови за да се продолжи натпреварот, кои што како такви беа побарани од делегатот. Беа отстранети насобраните гледачи од надворешната страна на стадионот и на стадионот како засилување пристигнаа уште неколку полициски службеници. На прашање на делегатот поврзано со безбедноста, од страна на одговорниот полициски службеник му беше одговорено дека од негова страна се обезбедени сите услови за продолжување на натпреварот и дека истите ја гарантираат безбедноста на сите присутни на теренот (вклучително и играчите од гостинската екипа). По вака дадените гаранции од страна на одговорниот полициски службаник, поврзани со безбедноста на теренот, зошто претседателот на ФК Скопје ѝ нареди на неговата екипи се повлече и не го доигра натпреварот, на нас како клуб не ни е јасно. И ние во минатото бевме напаѓани на останати стадиони, па секогаш во интерес на спортот сме ги доигрувале натпреварите. Затоа бараме од страна на ФФМ, на објективен начин да се преземат сите мерки за расчистување на настанот, и да се донесат одлуки во согласност со пропозициите и правилниците на ФФМ. За ваквите наши тврдења, како доказ за горенаведното, во прилог објавуваме и соодветен видео материјал.“
  • ВИДЕО ОД ИНЦИДЕНТОТ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА:

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!