Турнири

АСП Пак и Кафе Бар 9 во битка за трофејот: „Враништа 2026“ утре го добива шампионот

Сподели
Сподели



По денови исполнети со возбудувања, атрактивни потези, многу погодоци и одлична атмосфера, утре (вторник) ќе биде спуштена завесата на уште едно успешно издание на турнирот во мал фудбал „Враништа 2026“.

На програмата се последните два натпревари кои ќе ги дадат конечните победници и ќе стават точка на овогодинешното издание на традиционалниот турнир.

Вечерта ќе започне во 21:30 часот со натпреварот за третото место, во кој силите ќе ги одмерат екипите на Инекс Олгица и Чардак Велгошти.

Еден час подоцна, односно во 22:30 часот, следува големото финале во кое за шампионскиот пехар ќе се борат АСП Пак и Кафе Бар 9, две екипи кои со своите настапи покажаа дека заслужено се дел од завршницата.

Во пресрет на финалната вечер, организаторите испратија порака до сите учесници, спонзори, поддржувачи и љубители на спортот:

„Утре ја испишуваме последната страница од приказната наречена Турнир Враништа 2026.

По денови исполнети со спорт, емоции, радост, навивање и незаборавни моменти, дојде време за финалната вечер. Утре вечер ќе ги дознаеме конечните победници и ќе ја спуштиме завесата на уште едно успешно издание на нашиот традиционален турнир.

Најголемата победа не се само трофеите и освоените места, туку пријателствата, дружењето и спомените што сите заедно ги создадовме овие денови.

Од срце им благодариме на сите екипи, спонзори, поддржувачи, навивачи и посетители кои беа дел од Турнирот Враништа 2026. Вашата поддршка, насмевки и присуство му даваат посебна вредност на овој настан и го прават да живее од година во година.



Ве очекуваме утре да уживаме заедно во последната турнирска вечер, да ги поздравиме најдобрите и уште еднаш да покажеме дека Враништа е место каде спортот и заедништвото одат рака под рака“, велат организаторите на „Враништа 2026“.

Организаторите упатија посебна благодарност и до спонзорите кои помогнаа турнирот успешно да биде реализиран. Турнирот во мал фудбал „Враништа 2026“ годинава беше поддржан од BZ Group Macedonia, а беше потпомогнат и од голем број други спонзори и пријатели на спортот, на кои организаторите им изразија искрена благодарност за довербата и поддршката.

Сега останува уште финалната вечер, по која ќе бидат познати шампионот, освојувачите на медалите и најуспешните поединци на турнирот, а Враништа уште еднаш ќе покаже зошто овој турнир е еден од најпосетените и најпрепознатливите спортски настани во регионот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!