Ракомет

Пилиповиќ: „Со ненормално големо срце стигнавме до трофејот“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Еден од хероите на европската титула на Охрид, голманот Кристијан Пилиповиќ, емотивно го доживеа историскиот успех во „Билјанини Извори“. Чуварот на мрежата, кој за кратко време стана миленик на охридската публика благодарение на своите блескави партии и клучни интервенции во текот на сезоната, беше дополнително мотивиран во големото финале. Европскиот трофеј има посебна тежина и поради фактот што Пилиповиќ од следната сезона нема да го носи дресот на Охрид.

Во изјава за Спортска Мрежа, веднаш по финалето, Пилиповиќ истакна дека клучот за успехот бил заедништвото и огромното срце со кое екипата ја одиграла не само финалната средба, туку и целата сезона. Тој нагласи дека поддршката и енергијата од градот се чувствувале во текот на целата недела, но и дека очекувањата создале дополнителен притисок врз тимот.

„Мислам дека овој натпревар, како и цела сезона, ја одигравме како еден тим- со ненормално големо срце и оваа енергија што денес ја почувствувавме. Всушност енергијата ја чувствувавме во текот на цела недела во градот- јас веќе и ги избегнував кафулињата на крајот, бидејќи веќе не можев да ги слушам разговорите дека мораме да победиме..имаше голема тензија и притисок врз нас.“

ФОТО: ГРК Охрид

Искусниот голман потенцираше дека токму тимскиот дух бил пресуден во најважните моменти од сезоната. Според него, секој играч дал свој придонес во различни периоди од натпреварот, а и покрај отсуството на Анте Иванковиќ, екипата успеала да остане компактна и да стигне до заслужен триумф.

„Оваа енергија беше феноменална, едноставно ние сме една голема екипа и никој не треба да се издвои како поединец, на пример вечерва во првото полувреме не ни одеше шутот, па одбраната нè изваде. Во второ полувреме примивме лесни голови, но затоа и ние погодувавме..и Анте, секако ни фалеше, но немавме избор..и ете некако се боревме и на крајот успеавме да победиме како тим и секоја чест за момците, го заслуживме ова.”- изјави Пилиповиќ за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Со европскиот трофеј во рацете, Пилиповиќ го заокружи својот престој во Охрид на најубав можен начин. Голманот кој брзо ги освои симпатиите на навивачите заминува од клубот како европски шампион, оставајќи зад себе спомени од една историска сезона која засекогаш ќе остане запишана во охридскиот спорт.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!