Турнири

Турнирот „Петровден 2026“ во Мешеишта со награден фонд над 500.000 денари – отворени пријавите за 51. издание

Сподели
Сподели



Еден од најреномираните и најтрадиционални турнири во мал фудбал во Македонија, турнирот „Петровден 2026“ во Мешеишта, и оваа година ќе ги собере најдобрите екипи од земјата во битка за престижот и богатиот награден фонд.

Годинава ќе се одржи 51. издание на турнирот, што само по себе говори за неговата огромна историја, традиција и значење во македонскиот спорт. Организаторите и овојпат обезбедија награден фонд од над 500.000 денари, што дополнително го зголемува интересот кај екипите од целата држава.

За победникот е предвидена парична награда од 300.000 денари, второпласираната екипа ќе добие 120.000 денари, третото место носи 60.000 денари, додека четвртопласираниот состав ќе биде награден со 20.000 денари.

Пријавувањето за учество е веќе отворено и ќе трае до 14 јуни, а котизацијата за учество изнесува 5.000 денари по екипа. Заинтересираните екипи можат да се пријават на телефонскиот број 071 359 575, додека извлекувањето и распоредувањето на екипите по групи ќе се одржи на 15 јуни.

Организаторите апелираат сите заинтересирани навреме да го потврдат своето учество.

„Ве молиме да го запазите терминот за пријавување, во спротивно нема да примаме пријавување по изминатиот рок“, посочуваат организаторите.

Турнирот „Петровден“ со години наназад е препознатлив по одличната организација, силната конкуренција и присуството на квалитетни екипи од различни делови на Македонија. Токму затоа секое лето Мешеишта станува вистински центар на возбудувањата во малиот фудбал, а трибините традиционално се исполнети со голем број љубители на спортот.



Дополнителна вредност за учесниците претставува и медиумската поддршка. Спортска Мрежа веќе неколку години е медиумски покровител на овој спортски настан, а и годинава ќе обезбеди комплетно следење на турнирот преку извештаи, фотографии, видеа и атмосфера од натпреварите и верната публика.

За екипите и нивните спонзори ова претставува одлична можност за дополнителна промоција и поголема видливост во јавноста, што е уште една причина повеќе за учество на еден од најпрестижните турнири во мал фудбал во Македонија.

Сè е подготвено за уште едно спектакуларно издание на „Петровден“, турнир кој повеќе од пет децении успешно ја негува традицијата на малиот фудбал и спортското дружење во Мешеишта.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Камјани продолжува со градењето на тимот, Бесарт Реџепи е ново име во бело-зелениот дрес

Дебитантот во Втора лига, Камјани продолжува со активностите околу формирањето на составот за историската сезона во Втората македонска фудбалска лига, а најново засилување...

Втора лигаФудбал

(ФОТО) Пелистер продолжува со „ремонтот“: Шест нови имиња во битолскиот состав

Фудбалскиот клуб Пелистер продолжува со интензивното екипирање на тимот за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, откако денес официјално претстави уште шестмина...

Поврзани написи
Турнири

Вечерва спектакл на турнирот во Конче – дерби натпревари кои задолжително треба да се проследат!

Турнирот во мал фудбал во Конче продолжува со нова возбудлива вечер, во...

Турнири

ВИДЕО: АСП Пак преку пенали до полуфинале, Златар Бени Ерол лесно помина против Чардак Велгошти

Првите екипи кои обезбедија полуфинале на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!