Комисијата за натпреварување во рамки на ФФМ извести дека во вторник со почеток од 15 часот во „Куќата на фудбалот“ ќе се извлечат четвртфиналните парови за фудбалскиот Куп на Македонија.
Екипите на Вардар, Брера Струмица, Шкендија, Струга Трим Лум, Арсими, Детонит Плачковица, Силекс и Гостивар изборија пласман во 1/4 финалето во Купот на Македонија и ќе бидат дел од ждребот во вторник.
Во рамки на четвртфиналето ќе се одигра по еден натпревар, а истите ќе се одиграат на 26. феавурари 2025 година со почеток од 14 часот. Победниците ќе се пласираат во полуфиналето.