Турнири

„Враништа 2026“ влегува во самата завршница: Познати полуфиналистите по вечер исполнета со голови и возбудувања

Сподели
Сподели



Синоќа беа одиграни четвртфиналните натпревари од турнирот во мал фудбал „Враништа 2026“, а на кои како по традиција одново многу погодоци за уживање за многубројната публика, која и синоќа уживаше во добри натпревари.

Првиот меч беше вистинска „експлозија“ од погодоци – Инекс Олгица со 10:4 славеше огромен триумф над Охридски бисер Филеви.

Во вториот меч само еден погодок го реши победникот, откако Кафе Бар 9 со минимални 1:0 славеше над Екстра Скопско и закажа полуфинален.

Во третиот меч Чардак Велгошти имаше сигурен триумф од 4:2 над Златара Бени и Ерол, а пак третиот меч беше неизвесен откако фаворитот АСП Пак со тесни 3:2 го доби Никем за полуфинале.

Вечерва се играат полуфиналните натпревари. Првиот меч стартува во 21:30 часот каде Чардак Велгошти оди на мегдан со Кафе Бар 9, а еден час подоцна односно во 22:30 часот Инекс Олгица ќе се соочи со АСП Пак.



И синоќа одново имаше голем број на публика, која следеше атрактивни натпревари, а организацијата одново е на високо ниво.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан, кој зад себе има голема традиција.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!