Втора лигаТрета лигаФудбал

Тетекс или Влазними – борба за Втора лига

Сподели
Сподели



Денес на стадионот во Ѓорче Петров ќе се одигра последниот бараж натпревар за влез во Втора лига. Тетекс ќе бара опстанок во Втора лига против шампионот на Трета лига – Југозапад, Влазними од Струга.

Темпото на натпревари, квалитетот на натпреварите, натпреварувачкиот ритам, како и искуството е на страната на „штофарите“. Влазними стана шампион во регион каде имаше десет екипи, а на полусезона Велешта беше исфрлена од натпреварување, па во секое коло имаше и слободна екипа, па со тоа се нарушува натпреварувачкиот ритам.

Стружани зад себе имаа одлична сезона и стигнаа до шампионскиот пехар, а денес е исправени пред нов предизвик на 90 минути од Втора лига.

Вчера екипата на Кожуф го потврди опстанокот во Втора лига откако убедливо го доби Кожуф, Камјани славеше над Победа Валандово во соочување на два третолигаши, а пак третолигашот Еуромилк ГЛ се врати во Втора лига, откако славеше над сега веќе екс второлигашот Каменица Саса.

Дополнително, денес ќе бидат познати и последните два патника во Втора лига со прволигашките баражи – во Битола ќе се соочат Брера Струмица и Скопје, а во Кавадарци ќе играат Пелистер и Шкендија Арачиново.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!