Турнири

Генерацијата 2015 на ФК Овче Поле со трофеј и одлична издание на меѓународен турнир во Скопје

Сподели
ФОТО: ФК Овче Поле
Сподели

ФК Овче Поле генерација 2015 во одлична атмосфера и со нов голем успех ќе пристигне на „Охрид Куп 2026“, откако младите фудбалери неодамна блеснаа на меѓународниот турнир „New Stars 2026“ во Скопје и го освоија првото место.

Младите надежи на клубот покажаа одлична игра, голема борбеност, дисциплина и вистински тимски дух во текот на целиот турнир, достојно претставувајќи го клубот и оставајќи силен впечаток со своите настапи.

Индивидуалните признанија исто така завршија во редовите на Овче Поле. За најдобар играч на турнирот беше прогласен Лука Радев, додека Тино Николов се закити со признанието за најдобар стрелец со најмногу постигнати погодоци. Наградата за фер-плеј играч му припадна на Јоаким Колев.

Од ФК Овче Поле посочуваат дека покрај резултатите, најважно е што децата уживале во фудбалот, дружењето и новите пријателства.

„Покрај постигнатиот резултат, најважно е што децата уживаа во дружењето, стекнаа нови пријателства и поминаа прекрасни моменти исполнети со спорт, позитивна енергија и забава. Со нетрпение го очекуваме учеството на Охрид Куп 2026“, велат од ФК Овче Поле.

Со вакви резултати, талент и ентузијазам, оваа генерација на ФК Овче Поле најавува уште многу успеси во иднина.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Осогово со четири бода во две кола, тренерот порача: „Најдоброто допрва доаѓа!“

Победа над Брера Струмица и бод на гостувањето кај Македонија ЃП — Осогово врза два натпревара без пораз и освои четири бода, резултати...

Кошарка

Феникс 2010 и Гостивар не запираат, Вардар и Водно Санс ја минаа „стотката“, драма во Штип за победа на ИБА Скопје!

Четвртото коло од Првата македонска кошаркарска лига донесе убедливи победи, резултатски пресврти и возбудливи натпревари во двете натпреварувачки групи. Феникс 2010 и Гостивар...

Поврзани написи
Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!