Ракомет

По 27 години и над 900 натпревари: Седлоски и Ангелески ставија крај на богатата судиска кариера

Сподели
Сподели



Македонскиот ракомет испраќа во заслужена пензија една од најпознатите и најдолговечни судиски двојки. Прилепчаните Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески официјално ставија крај на својата богата судиска кариера, оставајќи зад себе импресивни 27 години активен стаж и повеќе од 900 отсудени натпревари.

Низ речиси три децении поминати на ракометните терени ширум Македонија, Седлоски и Ангелески беа препознатливи по професионалниот пристап, авторитетот, смиреноста и почитта кон играта. Судиската двојка остави длабока трага во домашниот ракомет и беше дел од бројни значајни натпревари во македонските ракометни натпреварувања.

Одлуката за повлекување ја споделија преку социјалните мрежи, каде емотивно се заблагодарија на сите што биле дел од нивниот пат.

„По 27 години активен судиски стаж и повеќе од 900 отсудени натпревари, од срце сакам да упатам голема благодарност до сите кои беа дел од мојот пат. Благодарам на ракометните клубови, играчите, тренерите и колегите судии за довербата, почитта и поддршката во текот на сите овие години.

Благодарам на Ракометната федерација на Македонија за укажаната можност и верата во мојата работа. На моето семејство најголема благодарност за разбирањето, трпението и поддршката која ми беше најважна.

Ракометот ми даде многу пријателства, искуства, емоции и незаборавни моменти. Ќе останам засекогаш посветен на овој спорт во кој ја оставив својата душа.

Ви благодарам на сите!“, напиша Седлоски.

Судиската двојка Седлоски – Ангелески важеше за симбол на стабилност и професионалност во македонскиот ракомет. Нивната долгогодишна работа беше почитувана од клубовите, играчите и спортската јавност, а нивното име останува запишано како дел од ракометната историја во Македонија.

Иако повеќе нема да ги гледаме со свирче на терените, двајцата и понатаму ќе останат дел од ракометот, но во нова улога – како делегати и контролори.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Осогово со четири бода во две кола, тренерот порача: „Најдоброто допрва доаѓа!“

Победа над Брера Струмица и бод на гостувањето кај Македонија ЃП — Осогово врза два натпревара без пораз и освои четири бода, резултати...

Кошарка

Феникс 2010 и Гостивар не запираат, Вардар и Водно Санс ја минаа „стотката“, драма во Штип за победа на ИБА Скопје!

Четвртото коло од Првата македонска кошаркарска лига донесе убедливи победи, резултатски пресврти и возбудливи натпревари во двете натпреварувачки групи. Феникс 2010 и Гостивар...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров со јасна цел пред новиот квалификациски циклус: Македонија оди по две победи!

Македонската ракометна репрезентација го отвора новиот квалификациски циклус со амбиција повторно да...

Ракомет

Вардар го доби вечното дерби, Пелистер немаше одговор за „црвено-црните“!

Вардар ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат и ја потврди лидерската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!