Втора лигаФудбал

Анџело Николовски испиша нов успех: Четврта промоција во Првата лига со три шампионски титули!

Сподели
Сподели



Младиот, но веќе докажан македонски фудбалер Анџело Николовски продолжува да испишува успешни страници во својата кариера. Со шампионската сезона на Брегалница во Втората македонска фудбалска лига, 24-годишниот Николовски по четврти пат успеа да избори промоција во елитното друштво на македонскиот фудбал.

За Николовски ова е вторпат да слави пласман во Првата лига токму со Брегалница, а штипскиот клуб сезонава го подигна и шампионскиот пехар во второлигашката конкуренција. Претходно, ист ваков успех оствари и со Македонија Ѓорче Петров, додека со Гостивар обезбеди влез во Првата лига како второпласирана екипа.

Тоа значи дека Николовски зад себе веќе има четири промоции во Првата македонска фудбалска лига и три шампионски трофеи во Втората лига — импресивен учинок за фудбалерот од Штип.

Николовски е поранешен младински репрезентативец на Македонија и фудбалер кој низ годините се наметна како исклучително корисен играч на теренот. Настапува на позициите лев бек и лево крило, а речиси секоја сезона зад своето име има голови и асистенции, потврдувајќи дека станува збор за фудбалер кој знае да решава натпревари.

Со Брегалница настапуваше и во Првата македонска фудбалска лига, а во својата кариера остави силен белег и во редовите на Детонит Плачковица. кога во историската сезона играа бараж за влез во Прва лига против Вардар.



Токму во тој период Николовски се етаблираше како еден од најстандардните и највлијателни фудбалери во тимот, оставајќи длабока трага во една од најзначајните сезони за клубот од Радовиш.

Четири промоции, три трофеи и бројни важни натпревари зад себе — Анџело Николовски полека, но сигурно се вбројува меѓу најуспешните македонски фудбалери кога станува збор за второлигашките успеси и борбата за место во елитата.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Осогово со четири бода во две кола, тренерот порача: „Најдоброто допрва доаѓа!“

Победа над Брера Струмица и бод на гостувањето кај Македонија ЃП — Осогово врза два натпревара без пораз и освои четири бода, резултати...

Кошарка

Феникс 2010 и Гостивар не запираат, Вардар и Водно Санс ја минаа „стотката“, драма во Штип за победа на ИБА Скопје!

Четвртото коло од Првата македонска кошаркарска лига донесе убедливи победи, резултатски пресврти и возбудливи натпревари во двете натпреварувачки групи. Феникс 2010 и Гостивар...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Осогово со четири бода во две кола, тренерот порача: „Најдоброто допрва доаѓа!“

Победа над Брера Струмица и бод на гостувањето кај Македонија ЃП —...

ФудбалФутсал

Балкан убедливо го декласираше Кратово

Ланскиот прволигаш Балкан на домашен терен забележа убедлива победа совладувајќи го Кратово...

ФудбалФутсал

Историска победа за Шутка 1, пет гола за Армандо Алијевиќ, Победа декласирана со 14 погодоци!

Дебитантот Шутка 1 ја забележа првата историска победа во Втората футсал лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!