Ракомет

Легенарниот Славјан Паунов ја завршува блескавата ракометна кариера: Цаци, Радовиш и македонскиот ракомет ќе те паметат секогаш!

Сподели
Сподели



Македонскиот ракомет се подготвува да испрати еден голем спортски работник, професионалец и човек кој со години беше симбол на пожртвуваност, искуство и верност. Искусниот голман Славјан Паунов на 45-годишна возраст одлучи да стави крај на својата богата и голема ракометна кариера.

Популарниот Цаци, човекот кој со години го бранеше голот на РК Радовиш, утре ќе го го одигра последниот натпревар во својата кариера, кога Радовиш во рамки на Супер лигата ќе ја пречека Струга во СРЦ „25 Мај“ со почеток од 18 часот.

Паунов, кој потекнува од Кочани, во неколку наврати беше дел од РК Радовиш и практично овој град стана негов втор дом. Секогаш кога било најтешко, кога клубот се борел за бодови, за опстанок, за достоинство и за нови успеси, Цаци бил тука. Со своите маестрални интервенции, неверојатни одбрани и огромно искуство знаеше да биде човекот кој носи пресврти, бодови и големи радости за радовишката публика.

Неговите партии секогаш привлекуваа внимание во македонската спортска јавност, а и оваа сезона уште еднаш покажа дека и на 45 години брани како во своите најдобри денови. Паунов докажа дека класата е вечна и дека искуството, посветеноста и љубовта кон спортот немаат граници.

Во текот на својата кариера, покрај за Радовиш, настапуваше и за Борец ФЛ, Овче Поле и Тиквеш, а со екипите од Свети Николе и Кавадарци имаше можност да настапува и на европската сцена во Челинџ Купот.

Славјан Паунов не е само голман. Тој е пример за младите ракометари и голмани, пример за професионализам, дисциплина, посветеност и спортски дух. Човек кој со своето однесување на теренот и надвор од него остави длабока трага во македонскиот ракомет.



Не случајно ужива огромна почит кај радовишката спортска јавност и кај верната навивачка група „Лебари“, која со години беше негов ветер во грб. Утрешниот натпревар против Струга нема да биде само обичен натпревар — тоа ќе биде вечер посветена на еден голем спортски борец.

Салата во Радовиш заслужува да биде исполнета до последно место. Сите љубители на ракометот, сите навивачи и спортски пријатели треба да бидат во СРЦ „25 Мај“ и со голем аплауз да му оддадат почит на човекот кој даде многу за РК Радовиш и за македонскиот ракомет.

Цаци мајсторе, ракометна Македонија е горда што имаше професионалец како тебе. Твоите одбрани, твојата борба, емоција и љубов кон ракометот ќе останат засекогаш запаметени.

Од редакцијата на Спортска Мрежа ти посакуваме среќни, мирни и исполнети пензионерски денови. Благодариме за сè што му даде на македонскиот ракомет!



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Лина Ѓорческа загуби во првото коло на ВТА 125 турнирот во Палермо

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ВТА 125 турнирот во Палермо откако денеска во првото коло го загуби мечот со Ерика...

Турнири

ФОТО: Доминација на КМФ Кратово во Чардаклија, Перо и Тајфата со моќна победа

Вечерва на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров“ во штипската населба Чардаклија се одиграа четири натпревари, а на кои имаше голем број...

Поврзани написи
Ракомет

Познат распоредот: Вардар на 27 јули ги стартува подготовките за новата сезона

Македонскиот шампион Вардар ги утврди плановите за подготовките пред новата сезона, во...

Ракомет

Бутел Скопје ја засили бековската линија – Кристијан Стаменковиќ потпиша двегодишен договор

Ракометниот клуб Бутел Скопје продолжува со комплетирањето на играчкиот кадар за новата...

Ракомет

Пелистер ја задржа Ана Стојчевска – битолчанки продолжуваат да го градат тимот за новата сезона

Женскиот ракометен клуб Пелистер продолжува со формирањето на ростерот за сезоната 2026/27,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!