Турнири

Утре стартува „Куклиш 2024“ – фудбалски турнир со 24 екипи, поделени во шест групи!

Сподели
АРХИВА
Сподели

Вечерва беше извлечена ждрепката за овогодишеното издание од Новогодишниот турнир во мал фудбал „Куклиш 2024“, кој започнува веќе утре. Вкупно 24 екипи ќе земат учество, кои се поделени во шест групи со по четири екипи.

Првопласираната екипа ќе добие 150.000 денари парична награда, втората екипа ќе освои 70.000 денари, третопласираната екипа 30.000 денари, а пак четвртопласираната екипа 10.000 денари. Дополнително ќе има награди и за најдобар играч, најдобар стрелец и најдобар голман.

Во продолжение можете да ги погледнете сите шест групи, како и екипите кои се распоредени во самите групи.

A-ГРУПА
1. ХРИСТМИЛ
2. ВИНАРИЈА ЗДРАВКО
3. ЕАМ-ЏУРЏУ
4. ЧОРЕВ-ТРАНС
В-ГРУПА
1. ЕКЛЕКТИК
2. ЦРНА РЕКА
3. КРИГО ТРЕЈД
4. КОНЧЕ
C-ГРУПА
1. ГАЛА БАУ РОКО ВИЕРИ
2. ФЕНЕРБАХЧЕ
3. ЈОВИ-МК
4. ПАРНАЛИЈА СПОР
D-ГРУПА
1. ФРЕИТХ-ОНЕ
2. СВР-СТРУМИЏА
3. ФУРНА МАРФИ
4. ЈЕНОЛИ
Е-ГРУПА
1. БАЛАМОВ КОМПАНИ
2. ГЕРАСОВ
3. БАДЖО КОМПАНИ
4. ФК КУКЛИШ
Ф-ГРУПА
1. ВИСТОНИ ЖП
2. ФК ДРВОШ
3. НАШЕТО МААЛО
4. ЕРО ГРАДБА

Веќе утре се играат првите натпреварите со што турнирот и официјално ќе биде отворен.

Во 19 часот турнирот го отвараат Вистони ЖП и Еро Градба. Во 20:00 часот Чореви Транс ќе се соочи против ЕАМ Џурџу, а пак еден час подоцна односно од 21 часот Фенербахче против Јови МК.

Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на овој спортски настан, а од кој ќе реализираме неколку преноси во живо, вклучително и големото финале.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!