КупФудбал

Силекс во своите витрини има четири Куп титула

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели



Фудбалерите на Силекс синоќа со минимални 1:0 славеа над Шкендија во големото финале од 34. издание на Купот на Македонија.

Голот на Ади Алиќ тимот на Александар Васоски во шесто финале стигна до четвртата Куп титула.

Првата Куп титула Силекс ја освои во далечната 1994 година, кога славеше над Пелистер преку пенал рулетот со 4:2, во регуларниот дел беше 1:1:

Следната година (1995) Силекс го играше своето второ финале, но загуби од Вардар со резултат од 2:1.

Во 1997 година Силекс обезбеди свое трето Куп финале за втора Куп титула триумфирајќи со високи 4:1 над Слога Југомагнат.

По долг пост тимот од Кратово во 2021 година го играше своето четврто Куп финале кога славеше над Академија Пандев во пенал рулетот со 4:3 по чистите мрежи во регуларниот дел (0:0).



Петтото финале за Силекс беше веќе следната година односно 2022, кога по чистите мрежи (0:0) во пенал-рулетот тимот од Кратово загуби од Македонија ЃП со 4:3.

Во своето шест Куп финале синоќа Силекс со минимални 1:0 ја доби Шкендија.

Најтрофеен тим во Купот на Македонија е Вардар со шест титула, Силекс се израмни на второто место со по четири Куп титули колку што има и Работнички.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!