Ракомет

Кузмановски по триумфот во Охрид: „Битола и Чкембарите заслужуваат да гледаат европски ракомет“

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

По важната победа на Еурофарм Пелистер на жешкото гостување кај ГРК Охрид, веднаш по мечот, капитенот на битолчани- Филип Кузмановски, во изјава за Спортска Мрежа, истакна дека тимот покажал карактер и вистинско лице во еден од најважните натпревари сезонава. Битолчани со оваа победа направија голем чекор кон освојување на второто место и пласман во Лигата на Европа.

Кузмановски потенцираше дека клучот за триумфот бил тимската игра, дисциплината и заедништвото во текот на сите 60 минути. Тој упати пофалби до целиот состав, а посебно го издвои голманот Никола Митревски за неговата феноменална партија. Воедно, капитенот им се заблагодари и на навивачите „Чкембари“ за големата поддршка, но порача дека тимот мора да остане максимално фокусиран и во последното коло против Алкалоид.

„Мислам дека покажавме како треба да се игра за клубот и како оваа екипа треба да игра на вакви тешки натпревари. Знаевме дека овој натпревар ќе биде тежок и многу значаен за нас, сметам дека денес одигравме како тим… тимот денес победи, но секогаш тимот вади поединци кои го водат – честитам на сите, особено на феноменалниот Митревски.“

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Капитенот на битолчани испрати благодарност и до навивачите „Чкембари“ за поддршката во текот на целата сезона, но порача дека фокусот мора веднаш да се префрли на последниот меч против Алкалоид. Според него, иако очекувањата биле поголеми, второто место и евентуалниот настап во Лигата на Европа би биле значаен успех за клубот и градот.

„Им благодарам и на нашите навивачи – Чкембари, кои секогаш се со нас и навистина ни се една голема поддршка. Но, не треба да се опуштиме, последниот натпревар на домашен терен ни е исто така важен, фокусот сега треба да ни е насочен кон екипата на Алкалоид и да извојуваме победа и дома. Можеби оваа година очекувањата беа поголеми, но сепак ќе бидеме среќни и со второто место и излезот во Лига Европа наредна сезона. Мислам дека Битола и Чкембарите заслужуваат да гледаат европски ракомет.“- изјави Кузмановски за Спортска Мрежа.

Пелистер, во последното коло ќе има можност пред својата публика да го потврди второто место и да ја заокружи сезоната со пласман на европска сцена.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!