Втора лигаФудбал

Вардарски, Борец и Осогово „заковани“ во долниот дел на второлигашката табела!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

На само едно коло до комплетирање на есенската полусезона во Втората фудбалска лига екипите на Вардарски, Борец и Осогово се „заковани“ на дното од табелата.

Вардарски е последен со само два бодови на своето конто, единствен тим кој нема триумф, со најлоша одбрана која примила дури 42 погодоци.

Борец е претпоследен со пет бодови на своето конто и скор од само една сезонска победа со две ремија и дури 11 порази, овој тим не ја има можеби најлошата одбрана која примила 25 гола, но затоа го има најкастрофалниот напад кој реализираше скромни шест погодоци на 14 натпревари.

Овие две екипи се во зоната за директно испаѓање во Трета лига, всушност двете екипи минатата сезона беа дел од Трета лига и преку баражите се пласираа во второлигашкото друштво, но како тргнало експресно може да се вратат.

Двете екипи на последните пет натпревари имаат пет порази, а Борец на последните пет кола постигна само еден гол.

Ниту Осогово не е нешто посјаен, кочанските „жетвари“ минатата сезона во последното коло го изборија опстанокот, но оваа сезона ќе бидат навистина во многу тешка ситуација, бидејќи баражот ќе биде многу тежок, а за опстанок на директен начин ќе имаат многу тешка задача.

Интересно е тоа што Осогово во последното есенско коло се среќава со „фенерџијата“ Вардарски во Богданци, каде во директен дуел Осогово освен победа не гледа ништо друго, впрочен ако Осогово и не триумфира тогаш дефинитивно пролетниот дел ќе биде навистина пеколен во Кочани.

Борец во последното коло ќе има тешка задача против Охрид на „Билјанини Извори“, каде охриѓани ќе ја имаат улогата на фаворити.

Осогово е во бараж зоната односно на 14-тото место со осум бодови, а триумф против Вардарски нема да значи прогрес, но ќе значи три важни бодови за во пролетниот дел да стартува во барем „за влакно“ полесна позиција на патот кон опстанокот.

Уште еднаш се потврдува дека има сериозна разлика околу квалитетот на Третата и Втората лига и дека влезот од Трета во Втора лига е сериозен чекор, каде покрај квалитетни играчи, потребни се стабилни финансии и добар план и стратегија на клубот.

В сабота ќе се одиграат натпреварите од последното 15. коло на Втората лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!