Ракомет

Еурофарм Пелистер донесе засилување од БиХ: Едвин Џелиловиќ потпиша тригодишен договор

Сподели
Сподели

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер продолжува со градењето на тимот за новата сезона, а ново име во редовите на битолскиот клуб е босанскиот интернационалец Едвин Џелиловиќ.

Станува збор за 23-годишно десно крило од Тузла, кое со Еурофарм Пелистер потпиша договор на три сезони и во Битола доаѓа со големи амбиции и очекувања.

Џелиловиќ зад себе има успешен период во дресот на Извиѓач, клуб со кој освои повеќе титули во шампионатот на Босна и Херцеговина, а претходно настапуваше и за Грачаница.

Младиот ракометар важи за еден од најперспективните играчи на својата позиција во регионот, а во изминатите сезони стекна и значајно европско искуство преку настапите во Европската лига и ЕХФ Европскиот Куп.

Новиот ракометар на „зелено-белите“ е висок 189 сантиметри и тежок 81 килограм, а од Еурофарм Пелистер веруваат дека неговиот талент, брзина и квалитет ќе донесат дополнителна енергија во тимот за сезоната 2026/27.

Официјалната промоција на Едвин Џелиловиќ како нов член на Еурофарм Пелистер ќе се одржи на стартот на подготовките за новата сезона во јули.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

Инекс Олгица и Пекара Александар со убедлив резултат го отворија „Ресен 2026“

Вечерва со првите натпревари беше отворено овогодинешното издание на Меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“. Првата натпреварувачка вечер донесе две убедливи победи...

Турнири

Велешта Јунајтед го потврди учеството на Охрид Куп

Фудбалскиот турнир Охрид Куп на првото издание ќе биде побогат со учество на Велешта Јунајтед, клуб кој максимално посветено работи во развојот на...

Поврзани написи
Ракомет

Најдобриот стрелец останува во Богданци: Даниел Андоновски ќе го предводи Младост и во Суперлигата

Повратникот во македонската Супер лига, РК Младост 1977 од Богданци, продолжува со...

Ракомет

Младост го претстави првото засилување: Тодор Узунчев пристигнува во Богданци

Повратникот во македонската Супер лига, РК Младост 1977 од Богданци, го претстави...

Ракомет

Македонските ракометни тренери на семинар во Струга за лиценцирање за новата сезона

На 13 јуни во спортскиот центар „Тими“ во Струга ќе се одржи...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!