ФудбалФутсал

Енхалон го декласираше Кораби – Мишо Ѓорѓиески со четири погодоци!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Вечерва во рамки на 8. коло од Втората футсал лига на Македонија екипата на Енхалон на домашен терен со 9:3 го декласираше Кораби од Дебар и со тоа го оддалечува од можност да ги напаѓа првите две позиции кои водат кон елитата.

Победата беше најавена уште во првито дел од натпреварот, кога резултат на семафорот беше 5:1. Кристијан Петкоски уште во 6. минута постигна гол за водство од 1:0, а потоа Мишо Ѓорѓиески со два погодоци зголеми на 3:0. голгетерот Никола Пластиновски погоди за 4:0, а потоа одличниот Валмир Ваитовски намали на 4:1, но домаќинот преку Дејан Милошевски дојде до 5:1 на полувреме.

Во вториот дел се зголемуваше предност за Енхалон, а се тресеше мрежата на Кораби. Ѓорѓиески постигна уште два гола, а уште два гола постигна и Милошевски, додека пак за гостинот по еден гол постигнаа Енес Боличе и Енѓел Точи само за ублажување на поразот на конечни 9:3.

До комплетирање на колото екипата на Енхалон ќе биде на третото место со 13 бодови, колку што има и Кораби, но тимот од Дебар има меч повеќе.

Со овој триумф Енхалон сериозно се вмеша во трката за место за Прва лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика за битката за опстанок – Работнички и Шкупи влегуваат во паузата...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Охрид ја освои Виница и стана есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига, откако попладнево во Виница славеше со 0:2 над Слога во последниот меч за есенската...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Охрид ја освои Виница и стана есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига, откако попладнево во...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Тетекс ја доби голеадата со Големо Коњари и победнички ја затвори 2025 година

Тетекс славеше со 2:6 над „фенерџијата“ Големо Коњари во последното есенско коло...

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!