Кошарка

Нова финална драма во Скопје: Бадел 1862 ќе брка „мајсторка“, Крива Паланка нова шанса за историска титула

Сподели
ФОТО: ЖКК Бадел 1862
Сподели



Финалната серија во женскиот кошаркарски шампионат продолжува со нова возбудлива битка меѓу Бадел 1862 и Крива Паланка, а четвртиот натпревар е закажан за недела со почеток од 19 часот во Спортска сала „Независна Макtедонија“.

Дека изненадувањата се можни и во финалните пресметки за титулата, потврдија кошаркарките на Бадел 1862, кои во третиот натпревар од серијата одиграа над сите очекувања и успеаја да ја совладаат фаворизираната Крива Паланка.

Младиот состав предводен од тренерот Дарко Димитријевиќ ги надмина сите проблеми и покажа голем карактер против тимот кој беше првопласиран во регуларниот дел од сезоната и кој во Скопје пристигна со убедлива предност од 2-0 во серијата.

И покрај отсуството на Николов и Петрушевска, две важни кошаркарки од стартната петорка, „баделки“ успеаја да слават, да намалат на 1-2 и со значително поголема самодоверба да го дочекаат следниот финален натпревар.

Целта на домашниот состав е јасна – продолжување на серијата и изборување „мајсторка“ која би го дала шампионот.

Сепак, голем предизвик за Бадел 1862 ќе биде и физичката потрошувачка, со оглед на тоа што Фримен, Клири и Чолакоска на претходниот меч минаа комплетни 40 минути на паркетот. Но кога се игра финале и се води битка за титула, заморот често паѓа во втор план.

Од другата страна, Крива Паланка го доживеа првиот пораз во серијата, но сигурно е дека стручниот штаб предводен од тренерот Виктор Петровски веќе ги анализирал слабостите од претходниот натпревар.



Крива Паланка во недела ќе ја има втората „меч-топка“ за освојување на првата шампионска титула во клупската историја и ќе се обиде уште во Скопје да ја затвори серијата, без потреба од петти решавачки натпревар во салата „Бранители 2001“.

Сè е подготвено за уште една финална пресметка исполнета со неизвесност, емоции и голема борба за шампионскиот трофеј.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!