Прва лигаФудбал

Арсими со еврогол во Кратово обезбеди опстанок, Шкендија победи, но остана без титулата

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

32. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе голема драма и важни разврски, а најголемото внимание го привлече триумфот на Арсими во Кратово, со кој тимот од Чегране обезбеди опстанок во елитата.

Арсими славеше со минимални 0:1 против Силекс, а херој на гостите беше Албион Рамадани, кој во 52. минута постигна вистинско ремек-дело. Со фантастичен удар од околу 22 метри, Рамадани ја испрати топката во спротивниот агол од голот на Џеков и донесе огромна радост за својот тим.

Силекс беше подобар ривал во поголемиот дел од натпреварот и создаде бројни можности уште во првото полувреме. Тимовски се закани од далечина, Донов ја погоди рамката од голот, а Ади Алиќ не успеа да реализира неколку изгледни шанси. На спротивната страна, Арсими се закануваше преку брзи контри, а најопасен беше Гафури.

Во вториот дел кратовци силно притиснаа кон израмнување. Во 68. минута Мишев постигна атрактивен гол со лоб удар, но по ВАР проверка погодокот беше поништен поради офсајд. До крајот Силекс се обидуваше да стигне барем до бод, но сигурниот Сиљановски и одбраната на Арсими успеаја да го сочуваат минималното водство.

Во Тетово, Шкендија ја совлада АП Брера Струмица со 2:1, но победата не беше доволна за продолжување на шампионската трка, бидејќи Вардар истовремено славеше во Струга и ја обезбеди титулата.

Струмичани долго време успешно одолеваа на нападите на домаќините, но отпорот беше скршен во второто полувреме. Фабрис Тамба во 52. минута го отвори резултатот, а Фахд Нзенгуе во 68. минута зголеми на 2:0. АП Брера во финишот само го ублажи поразот со погодок во 81. минута.

Со овие резултати Арсими ја исполни главната цел и обезбеди опстанок во Првата лига, додека Шкендија ќе мора да се задоволи со настап во европските квалификации без шампионскиот пехар.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!