Прва лигаФудбал

Вардар ја врати титулата во Скопје, но летото носи нови предизвици за шампионот

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Вардар по шест години повторно седна на тронот на македонскиот фудбал. Со минималната победа од 0:1 на гостувањето кај Струга Трим Лум, „црвено-црните“ и математички ја обезбедија 12. шампионска титула во клупската историја и уште еднаш потврдија дека остануваат најтрофејниот клуб во земјава.

Моментот на одлука се случи уште во 5. минута од натпреварот, кога Стефан Цветковиќ најдобро се снајде по недоразбирањето меѓу дефанзивците на Струга и голманот Ангелети, па ја испрати топката во мрежата за голема радост на вардарци.

Во продолжението од средбата, тимот на Гоце Седлоски одигра тактички зрело и сигурно. Вардар имаше уште неколку добри обиди преку Закариќ, но Ангелети спречи поголема негатива за домаќините. На другата страна, Струга преку Христијан Малески создаде неколку сериозни можности за израмнување, но Давор Талески со неколку клучни интервенции успеа да ја сочува мрежата.

Особено опасно беше во вториот дел, кога Малески двапати се најде во изгледна позиција, а во самиот финиш се обиде и атрактивно со „ножички“, но топката заврши над голот.

Со последниот судиски свиреж започна големото славје на вардарци, кои повторно ќе ја претставуваат Македонија во квалификациите за Лигата на шампионите.

Сепак, за клубот допрва следуваат важни одлуки и предизвици. Раководството ќе мора да работи на продолжување на договорите со дел од носителите на играта, меѓу кои се капитенот Азер Омерагиќ, Горан Закариќ, Немања Босанчиќ, Дарко Велковски и Бобан Николов.

Неизвесна е и иднината на Стефан Цветковиќ, кој по одличната сезона веќе е поврзуван со трансфер во Русија.

До крајот на сезоната Вардар го очекува уште дербито со Шкендија, а потоа ќе следуваат и промени на клупата, бидејќи актуелниот стратег Гоце Седлоски ќе се насочи кон ангажманот во македонската репрезентација.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!