Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 13. коло на Трета лига – Запад, колото ќе биде отворено во сабота со натпреварот меѓу Тетекс и Речица.
„Штофарите“ на домашен терен ќе имаат незгоден противник во обид да дојдат до три бодови, меч кој стартува во 13:30 часот. Главен судија на овој меч ќе биде Дарко Радески од Брвеница, тетовско.
В недела од 13 часот Зајази на домашен терен ќе го пречека фаворитот Влазерими каде гостинот ќе сака нови три бодови во обид да го превземе врвот од Тетекс, Џепчишти на домашен терен како фаворит ќе игра против Камјани, додека пак Дрита ќе атакува на три бодови против поранешниот прволигаш Ренова.
Вардар Брвеница на домашен терен ќе го пречека поранешниот прволигаш Напредок, а пак во 13:30 часот Добришти ќе игра против Љуботен во неизвесен меч.