Трета лигаФудбал

Шкендија Арачиново како голем фаворит против Аеродром, Кадино го пречекува Ржаничино

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Викендот следуваат нови возбудувања на терените со натпревари од 13. коло во Третата македонската фудбалска лига – Север. Заедно со тимовите кои се борат за пласман во горниот дел на табелата, ова коло носи и важни пресметки за тимовите кои се наоѓаат во долниот дел и се обидуваат да обезбедат прогрес на табелата и бегство од опасната зона која води кон испаѓање во Четвртата лига одосно Општинките фудбалски лиги.

БВК Коњаре на домашен терен ќе игра против Башкими Љуботен важен дуел особено за гостинот кој ќе се бори за подобар пласман. Сега е на 8-то место и има 16 бодови, така што победата ќе биде клучна ако сакаат да се вратат во конкуренција за повисока позиција. Од друга страна, БВК Коњаре е на шесттото место и ќе се обиде да ги задржи бодовите за да остане во топ 5.

Лидерот на табелата, Шкендија Арачиново, продолжува да доминира со 34 бодови. Противникот, Аеродром, кој е на 4-то место, ќе се бори за бодови во овој тежок натпревар. Шкендија Арачиново ќе се обиде да ја продолжи својата победничка серија, но Аеродром сигурно ќе има стратегија за да направи изненадување, но повеќе од јасное дека тоа ќе биде тешко.

Куманово се наоѓа на 5-то место, и сака да ги задржи бодовите за да се одржи во борба за повисока позиција. Ланскиот шампион кој не го помина баражот за Втората лига ќе се соочи со новиот третолигаш Њу Стар кој е на последното место со само 5 бодови, и нема простор за нови порази ако сакаат да се спасат од опасната зона.

Пчиња со 9 бодови и Академија Илинден со 10 бодови ќе се сретнат во уште еден натпревар каде што секој бод ќе биде драгоцен за прогрес на табелата. Ова е можност за двете екипи да се доближат до средината од табелата.

Некогашниот второлигаш Кадино, кој е на 10-то место, и дебитантот Ржаничино, кој е на 9-то место, ќе се сретнат во директен дуел за бодови. Се очекува интересен натпревар бидејќи и двата тима се наоѓаат во близина на опасната зона и мора да покажат добра игра за да избегнат поголеми проблеми.

Екс прволигашот Еуромилк ГЛ ќе бара рехабилитација и враќање на победничките патеки после големиот пораз во претходното коло, додека Беса Влазими, која е на 7-мо место, ќе се бори за излез од средината на табелата и да обезбеди победи во наредните натпревари за скок на табелата.

Второпласираната Фортуна како фаворит ќе игра против Риниа, која се наоѓа на 13-то место и ќе се обиде да изненади на домашен терен. Сепак, Фортуна со 29 бодови покажува дека има одлична сезона со најдобриот стрелец во своите редови Орхан Мифтар, па на тој начин нема да дозволи изненадување.

Сите натпревари ќе стартуваат во 14 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Горан Андоновски прозиваше – суперлигашот Младост од Богданци ги започна подготовките

На првиот собир се појавија сите ракометари на кој охридскиот стратег ќе може да смета во текот на подготовките и за новата сезона....

Турнири

Мена Транс го доби мечот со Гринс Ресторан, но потоа загуби од Вергови на „Ораовица 2026“

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“ се одиграа три натпревари, каде тимот на Тобако Јаков & Такси Бате ЗЦ триумфираше над...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Дарко Чурлинов официјално е нов играч на Погон Шчечин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов и официјално е нов член на полскиот...

Трета лигаФудбал

Илинден гради тим за Втора лига: Промовирани Јашароски, Манасиевски, Чурлинов и Глишиќ

Третолигашот Илинден дефинитивно е решен за влез во Втората македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со Давид Ашовалиев и Милан Миленковиќ

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со Давид Ашовалиев и Милан Миленковиќ...

Прва лигаФудбал

Аган Сулејмани си заминува од прволигашот Башкими!?

Талентираниот напаѓач Аган Сулејмани е пред заминување од кумановскиот прволигаш Башкими. 21-годишниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!