Втора лигаТрета лигаФудбал

Како ќе изгледа баражот за Втора лига?

Сподели
ФОТО: ФК Еуромилк ГЛ
Сподели

Контурите на баражот за Втора лига веќе се јасни – познати се екипите кои ќе играат во баражот, третолигашите во мисија за влез во второлигашкото друштво, а пак второлигашите да го изборат опстанокот во Втора лига за сезона 2026/2027.

Три второлигаши и петте шампиони на Трета лига во финална битка за Втора лига.

Четири третолигаши веќе се шампиони – Еуромилк ГЛ во Трета лига – Север, Камјани во Трета лига – Запад, Влазними во Трета лига – Југозапад и Борец во Трета лига – Југ.

Сега чека во Трета лига – Исток каде на три кола до крајот битката ја водат лидерот Победа Валандово и второпласираниот Овче Поле, а меѓу нив разликата е само еден бод.

Од второлигашите Каменица Саса, Тетекс и Кожуф ќе играат бараж за опстанок.

Со последниот патник меѓу Победа Валандово и Овче Поле ќе бидат познати осумте екипи кои ќе влезат во бараж дуелот, од каде победниците ќе бидат во Втора лига, а поразените во Трета лига за сезона 2026/2027.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!