Ракомет

Три екипи рамноправно во трка за титулата во ракометната Суперлига, како изгледа табелата?

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Оваа сезона рамноправна борба за титулата во ракометната Суперлига ќе водат дури три екипи, нешто што одамна не се случило барем во последните 15-тина години, со оглед на тоа што во минатото борбата за титулата ја водеа Вардар и Металург, потоа Вардар со Еурофарм Пелистер, но од минатата сезона веќе на ракометната сцена во Македонија гледаме рамноправна борба за титула на Алкалоид, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Но, сериозно се вмешува и Охрид, можеби нема директно да конкурира за титула, но „гладијаторите“ и тек како можат во „Билјанини Извори“ да ја одлучат титулата.

Во однос на табелата Алкалоид е на врвот од истата со 22 бодови на своето конто, колку што има и Вардар кој е втор, додека пак актуелниот шампион Еурофарм Пелистер е трет со 20 бодови на своето конто.

На четвртото место на суперлигашката табела е екипата на Охрид, која има 18 освоени бодови преку девет победи и три порази.

И веднаш има драстична разлика на табелата, Бутел е на 5. место на табеоата со 14 бодови, а пак екипите на Пролет и Тиквеш имаат по 11 бодови за делба на шестата позиција, додека пак Прилеп е осми со 10 бодови. Може да воочите од самата табела дека екипите на Пролет, Тиквеш и Прилеп ќе водат борба за шесттото место кое води кон плеј-офот, една од овие екипи ќе извиси и ќе игра плеј-аут.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД СУПЕРЛИГАТА:
П Екипа Н П Р И ДГ ПГ ГР Б
1 РК Алкалоид 12 11 0 1 418 297 +121 22
2 РК Вардар 1961 12 11 0 1 367 298 +69 22
3 РК Еурофарм Пелистер 12 10 0 2 409 286 +123 20
4 ГРК Охрид 12 9 0 3 382 288 +94 18
5 РК Бутел Скопје 12 7 0 5 322 297 +25 14
6 РК Пролет 62 12 4 3 5 315 323 -8 11
7 ГРК Тиквеш 2014 12 5 1 6 338 349 -11 11
8 РК Прилеп 12 4 2 6 337 385 -48 10
9 МРК Куманово 12 3 0 9 316 372 -56 6
10 РК Бисинов Ф. Л. 12 2 1 9 300 388 -88 5
11 РК Струга 12 2 0 10 311 398 -87 4
12 РК Радовиш 12 0 1 11 276 410 -134 1

На деветотот место на табелата е екипата на Куманово која има шест бодови, Бисинов на своето конто има пест бодови и изби на десеттото место, Струга е на 11-тото место со четири бодови, а на дното е Радовиш со само еден бод и единствен тим кој нема триумф.


Еурофарм Пелистер има најдобра гол разлика од +123, а пак Алкалоид има +121, најлоша гол разлика има екипата на Радовиш од минус 134.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!