Утре, љубителите на македонскиот фудбал ќе имаат можност да ги следат натпреварите од вонредното 16. коло во Првата македонска фудбалска лига. Натпреварите ќе започнат во 13 часот, а веќе се објавени имињата на судиите кои ќе бидат задолжени за одржување на регуларноста на мечевите.
Во Кавадарци, Алексанадар Грујоски од Кичево ќе ја дели правдата на дуелот меѓу Тиквеш и Работнички. Натпреварот меѓу Беса и Брера Струмица, кој ќе се одигра во Скопје, ќе го суди Игор Стојчевски, исто така од главниот град.
Дуелот на шампионот Струга Трим Лум со Пелистер ќе го води Ивана Пројковска од Скопје, додека дербито на колото меѓу Шкендија и Шкупи во Тетово му е доверено на Јован Качевски од Струга.
Во Кратово, Влатко Илиоски од Прилеп ќе го суди натпреварот меѓу Силекс и Воска Спорт, а мечот во Скопје меѓу Вардар и Гостивар ќе го суди Димитар Пилешков од Штип.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 16. КОЛО ПРВА ЛИГА:
Тиквеш – Работнички, Александар Грујоски (Кичево)
Беса – Брера Струмица, Игор Стојчевски (Скопје)
Струга – Пелистер, Ивана Пројковска (Скопје)
Шкендија – Шкупи, Јован Качевски (Струга)
Силекс – Воска Спорт, Влатко Илиоски (Прилеп)
Вардар – Гостивар, Димитар Пилешков (Штип)