Одбојкарите на Штип УГД испишаа историја откако за првпат ја освоија шампионската титула и со тоа ги обединија двете титули, откако претходно штипјани по третпат ја освоија Куп титулата.
Четата на крушевскиот стратег Кристиан Ристески доминира и не запира – започна ерата на штипјани во македонската одбојка. Вечерва не само во салата „Јордан Мијалков“, туку и во целиот град ќе се слави шампионската титула, бидејќи е испишана уште една голема историја во колективните спортови во градот под Исарот – Штип УГД е првиот клуб кој ги обединува двете титули, првиот тим кој ја донесе Куп титулата и првиот тим кој има шампионска титула од највисокиот ранг на натпреварување.
Во сите три сета Штип УГД играше како по ноти и го декласираше ГОК Борец со 3-0 во сетови. Во првиот и вториот сет беше подобар со 25:18, додека во третиот сет со 25:16 штипјани го заверија триумфот и предизвикаа ерупција на трибините во „Јордан Мијалков“. Михајло Мирасчиев со 12 поени беше прво име кај Штип УГД, додека кај ГОК Борец УГД се издвои Бастос со осум поени.
Штип УГД е новиот шампион во Првата одбојкарска лига на Македонија во машка конкуренција, откако во финалната серија славеше со убедливи 3-0 во сетови.
Штип УГД оваа сезона настапи и на европска сцена, каде забележа и една значајна победа над Кол Ил од Осло, Норвешка, во Радовиш, со што штипјани се пласираа во следната фаза од ЦЕВ Челинџ купот.
Ова е ноќ за славје, ноќ за историја – 24 април 2026 година ќе биде испишан со златни букви во историјата на штипскиот колективен спорт. Генерацијата на Кристиан Ристески ја игра најубавата одбојка во Македонија.
Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.
Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...
ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...
Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...
По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...
Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...