Втора лигаФудбал

Грујоски на центарот во Гевгелија, Смоквоски ќе им суди на Новаци и Детонит Плачковица

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 26. коло на Втората македонска фудбалска лига.

Дејан Младеновски ќе им суди на Тетекс и Охрид, а негови помошници ќе бидат Петар Арсовски и Стефан Стојановски, додека пак Дарко Стојчевски ќе биде четврт судија.

Антонио Насевски ќе биде делегат, а контролор е Сашо Иванов.

Скопје како голем фаворит ќе игра против Преспа во Ресен, а правдата ќе ја дели Пларент Салихи, ќе му помагаат Александар Ѓорѓески и Вјолца Изеири, а пак Бардхиљ Ибраими ќе биде четврт судија.

Делегат на овој меч ќе биде Алајдин Асани, а контролор ќе биде Жарко Тодоровски.

Каменица Саса на домашен терен ќе игра против Големо Коњари, а главен арбитар во малото рударско гратче ќе биде Никола Петковски со Тамара Цветановиќ и Станко Митровиќ како асистенти, а Иле Никодиноски ќе биде четврт судија.

Делегат на овој меч ќе биде Зоран Гелов, а контролор Томислав Тимовски.

Кирил Смоквоски ќе им суди на Новаци и Детонит Плачковица, а негови асистенти ќе бидат Иле Мишески и Димитар Здравески, а пак Влатко Илиоски ќе биде четврт судија.

Делегат на овој меч ќе биде Ненад Крстевски, а контролор ќе биде Петар Мантев.



На Градскиот стадион во Штип каде ќе играат Брегалница и Слога Виница правдата ќе ја дели Ненад Тодоровски, а негови асистенти ќе бидат Филип Николов и Бесар Абдули, а пак Борче Павловиќ ќе биде четврт судија.

Деан Марковски ќе биде делегат, а Коле Василев ќе биде контролор.

Вардар Неготино на домашен терен ќе игра со Беласица, а главен арбитар ќе биде Игор Иванов, покрај аут линиите ќе бидат Петар Иванов и Кирил Јованов, додека пак Дарко Стојанов ќе биде четврт судија.

Делегат на средбата ќе биде Мерсим Зендели, а контролор ќе биде Раско Мишкоски.



Александар Грујоски го доби мечот во Гевгелија каде силите ќе ги одмерат Кожуф и Шкендија Арачиново, а негови помошници ќе бидат Зоран Јанкуловски и Давор Цветаноски, а пак Марјан Стојановски ќе биде четврт судија.

Делегат на средбата ќе биде Мијалче Маџунаров, а контролор е Горан Манасиев.

Во Прилеп силите ќе ги одмерат Победа и Осогово, а делител на правдата ќе биде Владимир Ѓорѓиевски, а негови помошници ќе бидат Јовче Кокевски и Николче Дрнковски, а пак четврт судија ќе биде Дарко Котевски.

Делегат ќе биде Лазар Проданов, а за контролор е одреден Марјан Ецкоски.

Сите натпревари се играат утре и стартуваат во 16 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Куп: Третолигашот Могила против фаворитот Арсими, Ненад Тодоровски ќе дели правда

Утре ќе биде одигран натпреварот од 1/16 финале од Купот на Македонија меѓу третолигашот Могила и прволигашот Арсими. Мечот ќе се одигра во...

Втора лигаФудбал

Доне Ристовски ќе им суди на Детонит и Охрид, Дејан Младеновски на Тетекс и Работнички

Познати судиите кои ќе ја делат на двата одложени натпревари од 2. коло на Втората македонска фудбалска лига, кои ќе се одиграат в...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Куп: Третолигашот Могила против фаворитот Арсими, Ненад Тодоровски ќе дели правда

Утре ќе биде одигран натпреварот од 1/16 финале од Купот на Македонија...

Втора лигаФудбал

Доне Ристовски ќе им суди на Детонит и Охрид, Дејан Младеновски на Тетекс и Работнички

Познати судиите кои ќе ја делат на двата одложени натпревари од 2....

ФудбалФутсал

Девет екипи во Втората футсал лига, дебитант е Шутка 1, во првото коло дерби на Мал Ајакс и Овче Поле

Во новата сезона на Втората футсал лига ќе се натпреваруваат девет екипи,...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Борец и ЖФК Слободен згаснаа, ЖФК Инфинити од Охрид не го дочека своето деби

Новата сезона во Втората женска фудбалска лига започнува овој викенд, но пред...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!