Трета лигаФудбал

Крумислав Ѓоргиев го доби дербито меѓу Победа Валандово и Турново, Тодор Апостолов главен во Карбинци

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели



В недела се играат мечевите од 18. коло на Трета лига – Исток, познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на четирите натпревари.

Колото се отвара во Пирава во 15:30 часот со дербито на Југот меѓу Ударник и Дојранско Езеро. Ристе Бојчев ќе биде главен арбитар, а негови помошници ќе бидат Богданчо Ѓеоргиев и Даниел Ангелов.

Контролор на овој меч ќе биде Крсто Пандев, делегат е Драги Јанушев.

Останатите три средби ќе започнат во 16 часот.

Дербито во Валандово меѓу Победа и Хоризонт Турново ќе го суди Крумислав Ѓоргиев, негови помошници ќе бидат Ристо Ѓоргиев и Дејан Стоиков.

Наум Мицев ќе биде делегат на дербито, а пак Александар Ангелов ќе биде контролор.

Македонското „Ел класико“ во Делчево меѓу Брегалница и Малеш од Берово ќе го суди Блаже Петковски, а негови помошници ќе бидат Иван Танев и Стефан Митров, додека пак контролор ќе биде Алекса Горбашлиев.

Делегат во Делчево е Митко Бојаџиев.

Карбинци на домашен терен ќе игра против Тиверија, а правдата на овој меч ќе ја дели Тодор Апостолов, додека пак негови помошници ќе бидат Мики Ѓеоргиевски и Тоше Џамов, а контролор ќе биде Јордан Гицов.

Делегат е Ангел Дамјанов.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!