Ниту „Д“ од дерби – Фортуна со 6:0 го декласираше поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ, во меч каде најдобриот стрелец Орхан Мифтар и Флорим Дема постигнаа по два гола, а по еден гол постигнаа Агуши и Реџепи.
Во рамки на 12. коло во Трета лига – Север, Башкими Љуботен на домашен терен дојде до триумф од 3:1 над Риниа во меч каде сите погодоци паднаа во вториот дел. Курти, Рамадани и Исени се стрелци за домашнио тим, а пак за гостинот единствен стрелец беше Емини.
Во дербито на новите третолигаши екипата на Ржаничино со минимални 1:0 дојде до победа над Пчиња, со голот на најдобриот стрелец на домашниот тим Мартин Лазев.
Аеродром слави победа над БВК Коњаре со резултат од 3:1, меч кој се реши во вториот дел. Пешовски погоди за 1:0, а пак Бишевац за 1:1 на полувреме. Во вториот дел Каланоски и Апостоловски погодија за конечни 3:1.
Како што информираше вчера Спортска Мрежа, лидерот Шкендија Арачиново со минимални 0:1 славеше над Њу Старс, Куманово со 0:5 го декласираше составот на Академија Илинден, а пак Кадино се израдува на триумф над Беса Влазрими од 4:5.