Реми без погодоци на „Билјанини Извори“ меѓу Воска Спорт и Вардар (0:0), во рамки на 15. коло во Првата лига.
Гостивар со минимални 1:0 го доби мечот со Тиквеш, со што ланскиот освојувач на Купот на Македонија останува на дното од табелата. Стрелец на победничкиот гол беше Машике.
Силекс со сигурни 0:2 славеше над Шкупи на Чаир со што тимот од Кратово го дели врвот од табелата со Гостивар со по 30 бодови.
Двоен стрелец а тимот од Кратово беше Дарко Додев во 8. и 44. минута.
Реми со по еден гол (1:1) во Струмица на Брера и шампионот Струга Трим Лум. Димитар Тодоровски во 59. минута постигна гол за 1:0, а потоа Укпа стрелаше за 1:1 само минута подоцна.
Работнички преку пресврт дојде до голем триумф од 4:1 над Беса и со тоа им се врати на победите. Октај Ракипи во 22. минута погоди за 0:1, а по пет минути Рашид постигна гол за 1:1. Во вториот ден Гандо погоди за пресврт од 2:1, а печат на победата стави Регхба со два гола.
Колото ќе се комплетира вечерва, откако ќе биде одигран мечот под рефлектори во Битола меѓу Пелистер и Шкендија, кој стартува во 17 часот.