КупФудбал

Каменица Саса службено во финале: Љуботен не се појави на полуфиналето

Сподели
ФОТО: ЖФК Каменица Саса
Сподели

Полуфиналниот натпревар во Македонска Каменица меѓу Каменица Саса и Љуботен не се одигра, бидејќи гостинскиот тим од Тетово не допатува во рударското гратче за да го одигра натпреварот.

Ова значи дека Каменица Саса службено го добива мечот со 3:0 и обезбедува место во големото финале каде ќе се соочи со Тиверија Брера, која како што веќе објави Спортска Мрежа го декласираше тимот на Топ Гол и ќе игра ново Куп финале.

Претходно, Љуботен во првенството славеше убедлива победа над Саса и објави дека тоа е последниот меч со интернационалки, а денешното недоаѓање во тимот во Македонска Каменица го отвара прашањето дали тимот воопшто и ќе игра во Првата женска фудбалска лига, а ако биде така се отвара и прашањето како ќе се пополни тоа место за следната сезона.



„По чекање од 30 минути, гостинската екипа не се појави на теренот, а претходно немаше најава за некое задоцнување од нивна страна. Домашната екипа присутна, исто така и службените лица односно судиската тројка и делегатот присутни на теренот. Службени лица од МВР присутни“, се вели во записникот од мечот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!