КупФудбал

Тиверија Брера го „прегази“ Топ Гол преку Карпузовска, Панеска и Пецева и обезбеди Куп финале

Сподели
Сподели

Тиверија Брера лесно обезбеди ново финале од Купот на Македонија, откако денес во полуфиналето со убедливи 1:6 го декласираше Топ Гол среде Битола и го завери билетот за влез во големото финале.

Меч каде сите работи беа решени во првиот дел со погодоци на Данче Карпузовска која го отвори резултатот во 11. минута, а две минути подоцна Билјана Панеска погоди за двојна предност додека пак во 22. минута Розита Пецева резултатот беше 0:3 на полувреме.

Во вториот дел Карпузовска и Пецева постигнаа два брзи гола во 53. и 54. минута за 0:5. Домашниот тим преку Александра Ристевска намали на 1:5 во 62. минута, а Панеска со свој втор гол во 76. минута ги постави конечните 1:6.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс ѝ ги расипа плановите на Шкендија – кратовци освоија бод, тетовци заостануваат зад лидерот Струга!

Шкендија пропушти можност да ја намали разликата во однос на лидерот Струга Трим Лум, откако одигра 1:1 против Силекс во последниот натпревар од...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал со проблеми пред дуелот со Кипар, Магдевски и Јакимовски се враќаат, Робев доби повик

Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација го одработи првиот тренинг во пресрет на дуелот со Кипар, втор натпревар за избраниците на Жозеп Марија Берокал...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкендија против Силекс ќе цели кон нови три бода

Шкендија се враќа на фудбалските обврски по двонеделната пауза поради репрезентативните настапи,...

Прва лигаФудбал

Тимовски: Играме добро и создаваме шанси, против Шкендија одиме по позитивен резултат

По серијата позитивни резултати, Силекс во минатото коло претрпе пораз на домашен...

ФудбалЧетврта лига

Маџари со триумф над Победа, Кадино го декласираше Ускуп со осум гола

Деветтата рунда на Четвртата лига РФС 1 во Гази Баба донесе две...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!